ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Спреј за текстурирање кој обезбедува волумен на брановидната коса. Соодветен за следниот тип на брановидна коса:
- Дебелина: Тенка до нормална коса
- Текстура: Брановидна коса
- Дефиниција: Слабо до средно дефинирани бранови – 2А, 2Б
Дејство: Формулата со Акварин комплексот, кој претставува мешавина од полиамид-1, хидролизиран кератин и пантенол, во комбинација со магнезиум сулфат, обезбедува лесна хидратација, долготрајна дефиниција и волумен на брановите.
Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на влажна коса засушена со пешкир. Обликувајте ја косата со прстите и засушете ја природно или со фен со дифузер на ниска температура. Избегнувајте контакт со очите. Коренот на косата се освежува наредниот ден со Mad About Waves Refresher сувиот шампон.