Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Замена на производ

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Производот може да се замени за друг производ во ист или повисок износ во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да биде неотворен, неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување, со сочувани фабрички означувања и декларација. Исто така, нарачаниот производ не може да се замени доколку истиот е во неисправна состојба, односно отворен, користен и/или оштетен. Во тој случај потрошувачот го губи правото за повлекување/поврат и нема да се прифати замена или рекламација.

Потрошувачот не може да го користи правото на замена во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини и заштита на здравјето, а се отворени по испораката.

За да се изврши замена, потребно е да нѐ контактирате на info@hair.mk или professional@ave.mk или 026163615 најдоцна во рок од 14 дена од денот на приемот на производот, со наведени информации за бројот на фактурата и шифрата на производот со кој сакате да се направени замена на купениот производ. Со поднесувањето на барањето за замена, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработени од наша страна. Повеќе информации за обработката на личните податоци можете да најдете во делот Политика за приватност на податоците.

Без претходна комуникација односно барање за замена на производ, поднесено преку електронска пошта или преку наведениот контакт телефон, не можете самоиницијативно да направите замена на нарачаниот производ во нашиот малопродажен објект.

По приемот на барањето за замена, АВЕ Дооел Скопје ја  известува службата за достава да го подигне производот кој што сакате да го замените од Вашата адреса и да го врати во нашата продавница. Пред да се предаде производот на службата за достава, истиот треба да биде спакуван според насоките дадени од вработените во АВЕ Дооел Скопје, бидејќи во спротивно може да дојде до одложување на рокот за замена.

Откако производот ќе се врати преку служба за достава, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветна состојба, ќе биде одбиено барањето за замена и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме контактирајте нѐ по електронска пошта на info@hair.mk и/или professional@ave.mk каде ќе ги наведете вашите податоци (име, презиме, телефон) за понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање или обратете ни се телефонски на 026163615, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.

РОК ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Корисникот може да ја започне процедурата за замена на производи во рок од 14 дена од прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај на замена на производот, трошокот за враќање/достава на нов производ е 150 денари со вклучен ДДВ, без оглед на вредноста на производот кој се заменува. Исклучок се прави доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.

НАПОМЕНА

Со потврда на нарачката при купувањето, со клик на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, корисникот се согласува со условите за повлекување од договор и враќање на производи.