Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Политика за користење на колачиња

Политика за користење на колачиња

Во оваа Политика за користење колачиња може да најдете информации за употребата на колачињата кои се зачувуваат на уредите на нашите корисници. Во одредени случаи, употребата на колачиња може да биде поврзана со процесирањето на личните податоци, па препорачуваме да ја погледнете Политиката за приватност на податоците, како и изјавата за заштита на податоците, достапни на нашата страна, доколку ви се потребни информации за примената на личните податоци на нашите корисници и како да ги остварите вашите права.

1. Што претставуваат колачиња (cookies)?

Колачиња претставуваат текстуални датотеки кои што веб страните кои ги посетувате ги користат за да зачуваат одредени информации на уредот на корисникот (компјутер, таблет, паметен телефон). Тие се разменуваат помеѓу серверот на веб страните кои ги посетувате и Вашиот интернет пребарувач. При посетата на секоја веб страна, таа испраќа колачиња од нејзиниот сервер до пребарувачот кој го користите, кој пак потоа ги зачувува овие колачиња во мали текстуални датотеки на вашиот уред. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страните кои ги посетувате и да помогнат во идентификацијата на вашиот уред при посетата на истите. Колачињата можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се меморираат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страната и да се прикаже историјата на пребарување на истата. Исто така тие се корисни при понудата на реклами според преференциите на корисникот.

2. Какви колачиња постојат?

Постојат повеќе класификации на колачињата.

I.            Според нивната трајност, колачињата се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња остануваат на Вашиот компјутер и откако ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот.

II.            Според нивната сопственост, колачињата се идентификуваат како „сопствени“ и „колачиња од трета страна“. Сопствени колачиња се оние кои се испраќаат на уредот на корисникот од веб страната која ги поседува и која ја посетува корисникот и истите се користат главно за автентификација или меморирање на корисничките преференции. Колачињата од трета страна се испраќаат на уредот на корисникот од веб страна која не припаѓа на сопственикот на веб страната која ја посетува корисникот, односно на друг субјект кој ги процесира податоците добиени преку колачиња. Таков пример се колачињата на Google Analytics кои се користат од веб страните за да соберат аналитички податоци за корисниците, или пак колачиња поставени од други веб страни за да се следи активноста на корисникот на интернетот.

    III.            Според нивната цел, колачињата се идентификуваат како „неопходни“ односно задолжителни колачиња и останати, незадолжителни колачиња, како на пример колачиња потребни за анализа и маркетинг и за кои е потребна согласност од корисникот. Неопходните колачиња секогаш автоматски се преземаат на компјутерот на корисникот кога се овозможува прикажување на веб страната или обезбедување на услугата што ја бара корисникот, не чуваат никакви лични податоци и за нивното поставување не е потребна согласност од корисникот. Тие му овозможуваат на корисникот да пребарува на една веб-страница, платформа или апликација и да употребува различни опции или услуги кои постојат во нив, како на пример, контрола на сообраќајот, идентификација на податоци или сесија, пристапување до делови или содржина со ограничен пристап, запомнување на елементите кои ја сочинуваат нарачката, спроведување на процесот за купување на нарачката, управување со плаќањето, контрола на измама поврзана со безбедноста на услугата, користење безбедносни елементи при пребарувањето, поднесување барање за регистрација или учество во настан, складирање содржини за емитување на видеа или звук, овозможување динамични содржини (на пример, анимација при вчитување на текст или слика) или споделување содржини преку социјалните мрежи.

Колачињата за анализа овозможуваат испраќање и анализа на активностите на корисникот на интернет страницата заради подобрување на функционалноста на интернет страницата или нашите услуги, како на пример оптимизација на веб страната за различни типови на уреди, оперативни системи, идентификација на најпопуларни и најмалку популарни производи, анализа на пребарувања на купувачите низ веб страната, кој дел од страната е најпосетуван, итн.

Колачињата за маркетинг обезбедуваат информации за однесувањето на корисниците добиени преку континуирано набљудување на нивните навики на пребарување врз основа на што се одредуваат рекламите кои му се прикажуваат на корисникот, сеедно дали се од сопственикот на веб страната или од трети страни.

Колачињата за функционалност помагаат во спроведувањето на одредени функционалности на веб страната како на пример споделување на содржината социјалните мрежи, собирање повратни информации итн.

Колачињата за перформанси се користат само за анализа и подобрување на работењето на веб страната, за добивање увид во интересите на корисниците и за мерење на успешноста на рекламирањето.


2. Зошто користиме колачиња?

Веб страната www.hair.mk користи колачиња за да го олесни и подобри пристапот на посетителите до функциите кои ги обезбедува веб продавницата. Информациите кои ги собираме со колачињата се користат за подобрување на корисничкото искуство, или поточно за:

  • Меморирање на Вашите преференции, односно Вашите поставки и активности на веб продавницата како што се прегледувањето на производи, движењето низ страната, додавањето производи во кошничката, омилени производи, производи за споредба итн.;
  • Меморирање на вашата согласност за користење на колачиња на оваа веб страна;
  • Меморирање на Вашите преференции за прикажување на веб страната т.е преференции за параметри на екранот како што се на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • Обезбедување, оптимизација и подобрување на техничката функционалност на веб страната, како на пример оптимизација на веб локацијата за различни типови на уреди, оперативни системи итн.;
  • Собирање на збирни и анонимни статистички податоци како на пример податоци за идентификација на најпопуларни и најмалку популарни производи итн.;

При посетувањето на оваа веб страна може да се соберат податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страната сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страна сте биле пренасочени.

Дополнително, веб страната www.hair.mk користи услуги од трета страна, како на пример Google Analytics за анализа на посетата и следење на навиките на купувачите на начин на кој корисникот не може да биде идентификуван, ниту пак е овозможено од страна на Google откривање на идентитетот на оние кои ја посетиле оваа веб страна. Давателите на услуги можат, преку употребата на колачиња, да ја следат посетата на корисникот на нашата интернет страна како и на други интернет страни и врз основа на тоа да му прикажуваат на корисникот платени огласи од нашиот бизнис или огласи од други корисници на услугите. Корисникот може да го блокира прикажувањето на огласите на страната на давателот на услуга, задолжен за прикажувањето на огласите.

3. Каков тип на колачиња користиме?

www.hair.mk Користи неопходни колачиња, кои го меморираат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се апсолутно неопходни за непречено работење на веб страната. Истите секогаш автоматски се преземаат на Вашиот компјутер и не чуваат никакви лични податоци.

Покрај неопходните колачиња, користиме и аналитички и маркетинг колачиња, како и колачиња за функционалност, перформанси и останати некатегоризирани колачиња за кои е потребна Ваша согласност. 

  1.   Дали може да се избришат или контролираат колачињата?


Информациите поврзани со колачињата не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на колачињата не е неопходно за работата на оваа веб страна, но истите овозможуваат значително подобро корисничко искуство при пребарувањето.

Како корисник на  оваа веб страна можете во секој момент да ги избришете или блокирате колачињата во поставките на Вашиот веб пребарувач. Сепак, доколку корисник со блокирани колачиња пристапи на веб страната www.hair.mk , одредени функционалности на страната нема да бидат достапни или пак нема да работат правилно.

5. Прифаќање на условите

Како корисник на www.hair.mk имате можност да дадете согласност за користење на колачињата или да ја прилагодите нивната употреба. Со одбирање на полето [СЕ СОГЛАСУВАМ], Вие се согласувате со користење на сите типови на колачиња. Со одбирањето на било која од наведените опции, Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате со нашата изјава за заштита на податоци, политика за користење на колачиња, како и политика за заштита на податоци. Ве потсетуваме дека во секое време можете да ги промените поставките на Вашиот интернет пребарувач за да ги дозволите, ограничите или забраните колачињата.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, АВЕ Дооел Скопје Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб страна нема да бидат злоупотребени, објавени или споделени со друго трето, правно или физичко лице.