Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Политика за приватност на податоците

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ (ГДПР)

 

Оваа Политика за приватност на податоците го уредува начинот на кој АВЕ Дооел Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од нашите корисници при посетата на веб страната www.hair.mk (понатаму „веб страна“). Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Со пристапот или со користењето на оваа веб страна, Вие како корисник потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со сите услови на Политиката за приватност на податоците, Политиката за користење на колачиња и со условите за користење на веб страната.

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВЕ Дооел Скопје, Костурски Херои 2А, Скопје, ЕДБ 4030002459303: понатаму во текстот: АВЕ,  при вршењето на својата работа, собира и обработува лични податоци во согласност со сите важечки закони и регулативи.

Заштитата и сигурноста на личните податоци на нашите купувачи, клиенти и соработници е наш приоритет.

Ве молиме внимателно да ги прочитате следните информации!

  1.        ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВЕ ја спроведува обработката на личните податоци во согласност со законот и регулативите за заштита на личните податоци. АВЕ, како обработувач на личните податоци ги одредува целта и средствата за обработка на личните податоци и е одговорен за чување и користење на личните податоци во хартиен и/или електронски формат.

  1.        ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

Лични податоци се податоци кои Ве идентификуваат Вас како краен корисник. Личните податоци кои ги собираме зависат од: видот на услугата која ја обезбедуваме за нашите купувачи, корисници и клиенти, намерата на купувачот да ги користи нашите услуги, типот на договорот кој го склучуваме со нашиот клиент како и намерата на купувачот да ги користи своите права согласно законските одредби и регулативите за заштита на лични податоци. Кога ќе се вклучите во некоја активност на нашата веб страна, како на пример креирање на профил, порачување производ може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Првенствено, се работи за податоци без кои не можеме да ја извршиме услугата, а вклучуваат најмалку:

  • Основни лични податоци (име и презиме)
  • Основни контакт податоци (адреса, број на телефон, електронска пошта)
  • Податоци поврзани со користење на програмата за лојалност на АВЕ
  • Податоци поврзани со користење на билтен
  • Податоци поврзани со користење на веб продавницата www.hair.mk
  • Други лични податоци потребни за остварување на правата на корисникот врз основа на законските одредби за заштита на потрошувачи.

Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на веб страната.

При нарачување на производ, податоците за плаќање кои ги внесува корисникот се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот систем за процесирање на ХАЛК БАНКА АД Скопје. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

  1.        СОБИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВЕ ги собира личните податоци преку различни канали, односно преку:

  • Користење на нашата веб страна и формите за пополнување наведени на страната
  • Електронска пошта info@hair.mk и professional@ave.mk
  • Пошта

АВЕ ги собира личните податоци и управува со нив заради купопродажба на производи и услуги од сопствената понуда, како и за исполнување на законски и регулаторни обврски, како и за остварување на сопствените законски деловни интереси. Ако е наложено со важечки закони, од одредени причини дополнително ќе побараме од корисникот негова (Ваша) експлицитна согласност.

Причините поради кои ги обработуваме личните податоци за да можеме да ги склучиме и исполниме договорните обврски се:

  • Продажба на производи и услуги
  • Продажни и маркетиншки активности на АВЕ
  • Администрирање на договорниот однос
  • Примање и управување на поплаки, приговори и рекламации
  • Наплата или присилна наплата на долговите
  • Други законски обврски кои произлегуваат од деловната активност на АВЕ

Причините поради кои ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на нашите законски деловни интереси се:

  • Известување за промените поврзани со деловните услови
  • Известување за можностите за користење на програмата за лојалност на АВЕ
  • Откривање и спречување на измами

За сите други активности кои не се покриени со горенаведените причини, ќе побараме дополнителна согласност. Нашите корисници, во секој момент, имаат право да ја повлечат согласноста.

  1.        ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВЕ ги презема сите технички и организациски мерки за да може собраните лични податоци да се обработат исклучиво на начин кој е во согласност со наведената цел. Доколку е потребно за извршување на нашите деловни активности, ќе биде овозможен пристап до личните податоци од страна на трета странка и тоа: државни и јавни органи кои имаат право на пристап до личните податоци заради спроведување на законски обврски, адвокати, сервисни служби, печат, финансиски институции и други деловни соработници. Сите, освен државните и јавните органи, ќе ги обработуваат личните податоци исклучиво според упатството на АВЕ.

  1.        ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци на корисникот ќе бидат обработувани согласно со Законот за заштита на личните податоци од страна на изведувачите на обработката на податоците, наведени во поглавјето „Пристап до личните податоци“, а нивната одговорност и обврска за заштита и чување на личните податоци и нивната доверливост, е дефинирана со договорни односи во согласност со сите технички и организациски мерки и законски регулативи со кои се уредува заштитата на податоците. Вашите лични податоци, кои АВЕ ги собира за цел наведена во поглавјето „Собирање и користење на личните податоци“ нема да бидат ставени на располагање на никој без овластување од АВЕ.

  1.        ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА

Кога е предвидено со закон, корисникот, купувачот, клиентот има право на информации за обработката на неговите лични податоци; повлекување на согласноста во било кое време, доколку личните податоци се обработуваат врз основа на дадената согласност; корекција или дополнување на личните податоци така што тие се секогаш точни; бришење на личните податоци кога веќе не се потребни за горенаведените цели; поднесување на приговор до АВЕ или надлежниот државен орган.

На сите заинтересирани, АВЕ им обезбедува комуникациски канали за остварување на своите права поврзани со заштита на личните податоци преку поднесување барање преку:

  • Пошта на адреса АВЕ Дооел Скопје, Костурски Херои 2А, 1000 Скопје
  • Електронска пошта до регистрираната е-mail адреса на info@hair.mk
  • Веб-форма на страната www.hair.mk

Независно од избраниот канал за комуникација, барањето се поднесува лично и на начин на кој на вработените на АВЕ им е овозможена идентификација на подносителот на барањето.

  1.        ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО НАДЗОРЕН ОРГАН

Покрај приговорот за обработката на лични податоци поднесен до АВЕ, приговор за обработка на личните податоци може да се поднесе и до Агенција за заштита на личните податоци, Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14), Поштенски фах 417 1000 Скопје, info@privacy.mk, https://azlp.mk/

  1.        ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Временскиот период на чување на личните податоци на корисникот зависи од целта за која ги обработуваме.

  • Податоците поврзани регистрацијата односно креирањето профил на оваа веб страна, податоците поврзани со членството во програмата за лојалност на АВЕ,  билтенот, како и податоците поврзани продажните трансакции или обезбедување други услуги, се чуваат трајно, односно до бришењето на профилот и прекинувањето на членството во програмата за лојалност на АВЕ.
  • Податоците кои се собрани исклучиво со цел обезбедување продажни трансакции или други услуги, се чуваат до 12 месеци од датумот на последната трансакција во која се користени (пример трансакција испорака, достава, рекламација и слично).
  • Податоците кои се собрани за правно заснована обработка, се чуваат во согласност со временските ограничувања на одредбите од соодветниот закон (пример Закон за сметководство, итн).

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои АВЕ ДООЕЛ Скопје има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

  1.        КОНТАКТ

За било какви прашања во врска со начинот на користење на личните податоци, можете да нѐ контактирате преку телефон, пошта или електронска пошта:

  • Испратете електронска порака на info@hair.mk или professional@ave.mk
  • Испратете писмо до АВЕ Дооел Скопје, Костурски Херои 2А, 1000 Скопје
  • Пополнете ја веб-формата која можете да ја најдете на www.hair.mk
  • Побарајте нѐ на 02 615 8615

За било каква комуникација во врска со остварувањето на правата поврзани со заштитата на личните податоци, треба да се користат комуникациските канали дефинирани во поглавјето „Остварување на права“, за да може секое барање да се регистрира, а подносителот идентификуван.

  1.    АЖУРИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВЕ редовно ги прегледува и ажурира информациите за обработка на личните податоци во согласност со промените на сопствените деловни процеси или законските и регулаторни обврски. Валидна верзија на информациите за обработка на личните податоци е достапна на нашата интернет страна www.hair.mk. Доколку дојде до значајни промени кои во голема мера влијаат на обработката на личните податоци, без одложување ќе ги објавиме информациите на нашата интернет страна и директно ќе ве информираме.

  1.    УСЛОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ПОРАДИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГА ЗА ДОСТАВА И ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Со цел да се обезбеди услуга за достава и поврат на производи, АВЕ ги собира следните податоци:

  • Име и презиме
  • Адреса на испорака
  • Град
  • Држава
  • Број на телефон и/или мобилен телефон
  • Информации за адреса на испорака

Наведените податоци ги проследуваме до деловните партнери со кои соработуваме, давателите на услуги за логистика за да може да се извршат договорените услуги. Деловните партнери кои обезбедуваат услуги за нас, се овластени од страна на АВЕ за обработка на личните податоци на купувачите исклучиво само за целите на извршување на договорената услуга.

  1.    УСЛОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА АВЕ

Зачленувањето во програмата за лојалност на АВЕ е доброволно и се реализира со пријава преку веб-формата која се наоѓа на нашата интернет страна www.hair.mk. Правата и обврските поврзани со членството во програмата за лојалност на АВЕ се опишани во Општите услови за користење на програмата за лојалност на АВЕ.

Обработката на податоците кои се собрани преку пријавата за членство во програмата за лојалност на АВЕ се извршува во согласност со постапките опишани во оваа Политика за приватност на личните податоци. Освен личните податоци кои се собрани преку пријавата за членство во програмата за лојалност на АВЕ, АВЕ собира и обработува податоци поврзани со купувањето на производи и услуги во согласност со правата и обврските дефинирани со условите за користење на програмата за лојалност на АВЕ.

Вашите податоци, кои се собрани при зачленувањето во програмата за лојалност на АВЕ, ќе бидат поврзани со вашиот профил на веб-продавницата на АВЕ како и отворени купувачи во деловниот информативен систем на АВЕ.

Корисникот на програмата за лојалност на АВЕ има право во секој момент да ја повлече согласноста за обработка на личните податоци и да побара престанок на сите понатамошни обработки на неговите податоци со повлекување на неговата согласност. Во тој случај, корисникот престанува да ја користи програмата за лојалност и сите поволности предвидени со таа програма.

АВЕ го задржува правото за обработка на личните податоци на корисникот на програмата за лојалност на АВЕ по повлекувањето на изјавата за согласност само во случај кога обработката е потребна за исполнување на законски обврски како и обврски кои произлегуваат од односот на АВЕ и корисникот на програмата за лојалност.

  1.    КОЛАЧИЊА („COOKIES“) И СЛЕДЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ АКТИВНОСТИ

Колачиња претставуваат текстуални датотеки кои што интернет страните кои ги посетувате ги чуваат на уредот на корисникот (компјутер, таблет, паметен телефон). АВЕ користи колачиња за да го олесни и подобри пристапот на посетителите до функциите кои ги обезбедува веб продавницата на АВЕ. Информациите кои ги собираме со колачињата се користат за меморирање на поставките и активностите на корисникот на веб продавницата како што се прегледувањето на производи, движењето низ страната, додавањето производи во кошничката, интересни производи, производи за споредба, итн.

Корисникот може во секој момент да ги избрише или блокира колачињата во поставките на својот веб пребарувач. Сепак, доколку корисник со блокирани колачиња пристапи на веб продавницата на АВЕ, одредени функционалности на страната нема да бидат достапни.

На интернет страната на својата веб продавница, АВЕ користи услуги за анализа на посетата и следење на навиките на купувачите, како на пример Google Analytics. Давателите на услуги можат, преку употребата на колачиња, да ја следат посетата на корисникот на нашата интернет страна како и на други интернет страни и врз основа на тоа да му прикажуваат на корисникот платени огласи од АВЕ или огласи од други корисници на услугите. Корисникот може да го блокира прикажувањето на огласите на страната на давателот на услуга, задолжен за прикажувањето на огласите.

За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за користење колачиња.

  1.    БИЛТЕН („NEWSLETTER“) И УПОТРЕБА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА МАРКЕТИНГ

Доколку корисникот сака да добива известувања за нашите понуди преку електронска пошта, потребно е да се пријави за нашиот Билтен. При пополнувањето на образецот за пријава, потребно е да ги пополни означените полиња и да ја внесе адресата на електронската пошта на која сака да го добива Билтенот. Корисникот може во секој момент да ја повлече пријавата за нашиот Билтен според упатствата кои ќе ги добие преку електронска пошта при пријавата, како и според упатствата објавени со секој Билтен. Сите регистрирани корисници на веб продавницата на АВЕ можат преку својот профил, во секој момент, да се пријават за нашиот Билтен или да се одјават.

За испорака на Билтенот, АВЕ може да користи технички услуги на надворешни деловни соработници. Во тој случај, на овие деловни соработници, АВЕ им ја отстапува за обработка исклучиво адресата на електронската пошта која корисникот ја навел во пријавата за Билтенот. Исто така, избраниот деловен соработник е обврзан да ја користи адресата на електронската пошта исклучиво за испорака на нашиот Билтен, додека корисникот е пријавен за Билтен, и никако не смее да ја користи за други цели.

АВЕ нема да ги споделува контакт податоците кои корисникот ги навел во пријавата за Билтен, со трета странка, освен во случајот и под услови наведен во претходниот параграф. Исто така, доколку корисникот не се пријавил за добивање на Билтен, како купувач или корисник, од нас може да добие само порака поврзана со нарачката, плаќањето или активностите кои корисникот лично ги иницирал. Според наведеното, на адресата на електронската пошта на корисникот, АВЕ може да достави информации за промените поврзани со нашите деловни активности и односи со клиентите и купувачите како корисници на нашите услуги.

  1.    ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и надополнува соодветно на настанатите законски промени и активностите на АВЕ.