Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Рекламации

ПРАВИЛНИК ЗА РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан преку нашата веб продавница и е доставен од страна на службата за достава, потребно е да се провери веднаш по преземањето на пратката. Доколку производот има видливи оштетувања или нагмечување, корисникот веднаш треба да пријави на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk.

При пријавувањето, потрошувачот треба да го наведе:

  1. Бројот на нарачката, сметката или своето корисничко име за да можеме да ја провериме нарачката
  2. Шифра на производот што се рекламира
  3. Опис на проблемот и слика од производот што се рекламира

Рекламација без потребните информации наведени погоре се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој е оштетен треба да се направи најдоцна до 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување, со декларација, кутија и фактура и истиот не треба да биде отворен и употребуван.

Доколку пак производот, односно пратката е оштетена при транспортот и таквите оштетувања се видливи при преземањето на пратката, во тој случај ве молиме да не ја преземате. Ве молиме да нѐ контактирате на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. за да можеме во најкраток можен рок да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.

Рекламациите се прават исклучиво преку каналите кои се наведени во овој правилник, односно на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. Корисникот не може да изврши самоиницијативна, физичка рекламација на производи кои се купени од нашата веб продавница во нашиот малопродажен објект, без претходна комуникација и договор со вработените во АВЕ Дооел Скопје преку контакт каналите наведени погоре во текстот.

По приемот на барањето за рекламација, се известува службата за достава да го подигне производот за кој е поднесена рекламација, од адресата на корисникот и да го врати на АВЕ Дооел Скопје.

Откако производот е вратен на АВЕ Дооел Скопје, се утврдува типот на оштетување, а потоа се испраќа соодветна замена или се врши поврат на средства во зависност од барањето на корисникот. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на корисникот односно купувачот, рекламацијата се одбива и производот се враќа на купувачот на негов трошок.

Доколку се утврди дека рекламацијата е основана и одобрена, односно производот не е употребуван и пакувањето не е оштетено по вина на корисникот, процедурата за замена на производот или поврат на средства поради рекламација се реализира во рок од 14 дена од пријавувањето на рекламацијата, односно приемот на препорачаната пратка од страна на АВЕ Дооел Скопје преку службата за достава.

РОК ЗА РЕКЛАМАЦИЈА

Процедурата за рекламација на купени производи треба да се започне најдоцна во рок од 24 часа по прием на производот од страна на купувачот. Рокот за замена или поврат на средства на рекламираниот производ е 14 дена од моментот на приемот на барањето за рекламација, односно приемот на препорачаната пратка од страна на АВЕ Дооел Скопје преку службата за достава.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај производот кој е доставен до купувачот да е погрешен или видливо оштетен при транспортот, трошоците за преземање и враќање на производот ги презема АВЕ Дооел Скопје.

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Доколку по одобрената рекламација, корисникот претпочита реализација на поврат на средства наместо замена на производот, АВЕ Дооел Скопје има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, Maestro, Mastercard, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Доколку пак, производот е платен во готово при испорака, повратот на средства се врши на трансакциската сметка на купувачот. Процедурата за поврат на средства може да трае и до 14 дена.

НАПОМЕНА

Со потврда на нарачката при купувањето, со клик на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, корисникот се согласува со условите за повлекување од договор, рекламација и враќање на производи.

Барањата  за замена на производи или рекламација се разгледуваат исклучиво во текот на работна недела, понеделник до петок од 09:00 – 17:00 часот. Барањето може да го примиме надвор од наведениот временски период, но не можеме да одговориме на истото. Барањето, заедно со производот можете да го пратите по пошта или служба за достава или пак лично да го донесете на нашата адреса.

Нагласуваме дека, за секој купен производ од нашата веб продавница, имате право на рекламација, но под услови одредени во овој правилник за рекламации. Ги замолуваме нашите потрошувачи да се придружуваат кон правилникот кој го изработивме специјално за таа прилика.

Цената на производите може да биде различна на различни продажни места и исто така цената на производите во оваа веб продавница може да се разликува од малопродажната цена на истите производи во други веб продавници во земјата или странство, сеедно дали е пониска или повисока. Го задржуваме правото за промена на цената на производите без претходна најава.

Доколку во било кој случај не сте задоволни со работата на нашиот оддел за односи со потрошувачи, ве молиме известете нѐ писмено преку professional@ave.mk  и/или info@hair.mk.