Тенко влакно и коса без волумен? Продуктите на It’s a 10 со лесна и бестежинска формула за нега на коса со тенко влакно, ќе обезбедат волумен, сјај и интензивна нега на косата. Во комбинирана употреба на четката на Olivia Garden наменета за фенирање, вашата коса ќе го скратите времето за стилизирање и ќе добиете драматичен сјаен ефект со неверојатен волумен и еластичнот.
Сетот содржи:
Miracle Leave – In Lite 120 ml – Спреј регенератор со бестежинска формула за зголемување на волуменот на косата. Овој неверојатен спреј регенератор ги содржи сите моќни перформанси на класичниот Miracle Leave-In, но е специјално создаден за они со тенка или кратка коса кој ги содржи најлесните, а воедно најефикасните состојки за нега на коса. Екстрактот од камилица обезбедува нежен и смирувачки третман на косата и скалпот, додека хидролизираната свила длабински ја негува, хидратира и зацврстува косата. Во комбинација со останатите состојки, овој спреј ја скротува косата, помага за полесно расплетување и обезбедува неверојатен сјај. Не ја натежнува и измастува косата.
Miracle Blowdry Volumizer, 200 ml – Спреј наменет за стилизирање, кој воедно го зголемува волуменот и сјајот на косата и заштитува од влага и топлина. Иновативната формула на It’s a 10 Miracle Volumizing Blowdry Spray ќе ѝ обезбеди на вашата коса беспрекорен изглед и волумен без да ја натежне и измасти. Благодарејќи овој спреј значително ќе го скратите времето за стилизирање и фенирање и ќе го добиете посакуваниот волумен и сјај. Ја заштитува косата од топлина и влага, лесно ја скротува косата, ја измазнува и помага за лесно и безболно расчешлување.
Expert Blowout Shine Wavy Bristles 45 mm – Четка за сјајна и мазна коса, со керамички цилиндар за вентилација кој обезбедува еднаква распределба на топлината при фенирање.
· Волумен и сјај.
· Помага за брзо сушење на косата.
· Анти-статичка.
· Брановидни влакненца.
Начин на користење:
- На претходно измиена и чиста коса, нанесете од спрејот Miracle Leave – In Lite рамномерно по должината па се до врвовите.
- Расчешлајте ја косата и засушете ја минимално со фен за коса.
- Проследете со напрскување од спрејот Miracle Blowdry Volumizer. При аплицирање, распределете го спрејот така што поголем дел од него нанесете го на коренот, а остатокот по должината и врвовите. Не се измива или мокри косата по нанесување од спрејот.
- Завршете со стилизирање на косата со Expert Blowout Shine Wavy Bristles четката за коса. На овој начин косата двојно ќе го зголемите волуменот и сјајот на вашата коса.