За здрава, сјајна руса коса со неутрални нијанси, потребно е посебно внимание и нега и овој сет е создаден токму за таа намена.
Продуктите на It‘ s a 10 ќе ги задоволат специфичните потреби на русата коса, ќе обезбедат интензивна нега и обнова на косата, длабока хидратација и ќе ја заштитат од кинење и понатамошно оштетување. Четката со која ја расчешлувате мократа и сува коса и составот на влакненцата на четката, исто така се од исклучително значење за здравјето на вашата коса. Во комбинирана употреба со FIngerbrush четката за коса, двојно ќе се заштити косата од кинење и ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Сетот содржи:
Miracle Brighting Shampoo for Blondes 300 ml – Шампон наменет за чистење, нега и неутрализирање на жолтите и портокалови нијанси на русата коса. Ги неутрализира жолтите и портокалови нијанси, ја задржува бојата на косата и ја заштитува од нејзино бледнеење. Благодарејќи на својата моќна формула, ја подобрува еластичноста на косата, заштитува од кинење и обезбедува сјај и волумен. Одличен е за секојдневна употреба.
5 Мinute Hair Repair for Blondes крема 150 ml- специјално дизајнирана за да обезбеди врвна нега на русата коса со беспрекорен резултат на свиленкасто мазна и гламурозно сјајна руса коса. Уникатниот спој на моќни состојки ја хидратираат косата и ќе ја заштитат од понатамошно кинење, со заштитно дејство од штетните УВ зраци.
Leave-In for Blondes 120 ml – Спреј регенератор е наменет за руса коса, ги неутрализира жолтите тонови, ја враќа вибрантноста на бојата и обезбедува интензивна нега. Ги враќа назад светлите и неутрални тонови на русокоса, правејќи ја сјајна, мазна, еластична и полна со живот, ја скротува непослушната коса, помага за безболно и лесно расчешлување и обезбедува длабока хидратација.
Fingerbrush Combo М – Лесно и безболно ќе ја отплетка и расчешла косата, ќе ѝ пружи неверојатна нега и ќе ја заштити од кинење и оштетување. Ергономскиот дизајн и флексибилноста овозможуваат длабинска масажа на скалпот кој го стимулира растењето на косата. Влакненцата на четката помагаат за рамномерна распределба на природните масла на косата низ целиот скалп, правејќи ја поздрава, истакнувајќи го нејзиниот природен сјај.
Начин на користење:
- Расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за лесно и безболно расплетување на косата и подобра апсорпција на продуктите за нега на коса. На мокра коса нанесете од Miracle Silk Miracle Brighting шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата.
- Проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сè до врвовите од 5 Мinute Hair Repair кремата за коса. Почекајте да делува 5 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот Leave-In for Blondes спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сè до врвовите.
- Расчешлајте ја повторно косата со Fingerbrush четката за зголемување на сјајот, подобра распределба и длабоко продирање на продуктите во структурата на влакното. Стилизирајте по желба!