За здрава, сјајна руса коса со неутрални нијанси, потребно е посебно внимание и нега и овој сет е создаден токму за таа намена.
Продуктите на It‘ s a 10 ќе ги задоволат специфичните потреби на русата коса, ќе обезбедат интензивна нега и обнова на косата, длабока хидратација и ќе ја заштитат од кинење и понатамошно оштетување. Ефикасноста на продуктите за нега на коса, значително се зголемува доколку продуктот рамномерно, темелно и длабински е нанесен на косата. За таа намена, ќе ви помогне Essential Style Blend четката за коса која ќе обезбеди максимална делотворност на it’s a 10 продуктите.
Сетот содржи:
Miracle Brighting Shampoo for Blondes 300 ml – Шампон наменет за чистење, нега и неутрализирање на жолтите и портокалови нијанси на русата коса. Ги неутрализира жолтите и портокалови нијанси, ја задржува бојата на косата и ја заштитува од нејзино бледнеење. Благодарејќи на својата моќна формула, ја подобрува еластичноста на косата, заштитува од кинење и обезбедува сјај и волумен. Одличен е за секојдневна употреба.
5 Мinute Hair Repair for Blondes крема 150 ml, специјално дизајнирана за да обезбеди врвна нега на русата коса со беспрекорен резултат на свиленкасто мазна и гламурозно сјајна руса коса. Уникатниот спој на моќни состојки ја хидратираат косата и ќе ја заштитат од понатамошно кинење, со заштитно дејство од штетните УВ зраци.
Leave-In for Blondes 120 ml – Спреј регенератор е наменет за руса коса, ги неутрализира жолтите тонови, ја враќа вибрантноста на бојата и обезбедува интензивна нега. Ги враќа назад светлите и неутрални тонови на русокоса, правејќи ја сјајна, мазна, еластична и полна со живот, ја скротува непослушната коса, помага за безболно и лесно расчешлување и обезбедува длабока хидратација.
Essential Style Blend – Четка за лесно и длабинско распределување на сите типови на продукти за нега на коса, од скалпот, па сè до врвовите. Благодарејќи на memory flex влакната, оваа четка овозможува и лесно и еднакво распределување на бојата за коса по должината и скалпот. Ергономски дизајн кој совршено се прилагодува на формата на скалпот, а при чешлањето дава пријатна и релаксирачка масажа на скалпот која го стимулира растењето на косата.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Miracle Brighting шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата, потоа расчешлајте ја косата со Essential Style Blend четката за коса, за стимулирање на скалпот и длабинско нанесување на шампонот. Темелно исплакнете.
- Рачешлајте ја косата повторно со Essential Style Blend четката и проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сè до врвовите од 5 Мinute Hair Repair кремата за коса.
- За рамномерна и длабинско нанесување на регенераторот, расчешлајте ја косата повторно. Почекајте да делува 5 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Leave-In for Blondes спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сè до врвовите и секако повторно расчешлајте ја косата со Essential Style Blend.