Природно кадравата и брановидна коса е честo деликатна и тешка за справување, и е од исклучително значење да ја добие соодветната нега. Кога косата е соодветно негувана и здрава одвнатре, однадвор изгледа здрава, мека и беспрекорно сјајна. Со продуктите од овој сет ќе го добиете токму тоа.
Продуктите на It’a a 10 ќе обезбедат сета потребна нега на кадравата коса, додека во комбинирана употреба со Fingerbrush четката за коса, расчешлувањето на кадравата коса ќе биде лесно и безболно како никогаш досега. Двојно ќе се заштити косата од кинење, ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Сетот содржи:
Coily Shampoo, 300 ml – Шампон наменет за нега, обнова, хидратација и дефинирање на кадравата и брановидна коса. Моќната хидратна формула продира длабоко во структурата на влакното за да ја обнови штетата настаната од хемиски третмани и топли уреди за стилизирање. Со секоја нова употреба овој шампон, несомнено ќе обезбеди совршено дефинирани локни, скротена и мазна коса без разлетување, отпорност на влага, поголема цврстина и помалку распукани врвови.
Coily Mask, 240 ml – Третман наменет за обнова, хидратација и дефинирање на кадрава и брановидна коса. Навлегува длабоко во структурата на влакното за длабински да ја регенерира и хидратира оштетена коса. Воедно, го враќа сјајот и еластичноста на косата и помага за полесно расчешлување, а одличен е и при користење кај бојадисаната коса бидејќи ја заштитува бојата од избледување.
Coily Leave-in 120 ml – Спреј кој не се измива, за стилизирање, хидратација и нега на кадравата и брановидна коса. Овој спреј за коса обезбедува целосна слобода при креирање на најразлични стајлинзи. Со помош на формулата со моќни хидратанти навлегува длабоко во структурата на влакното за да го омекне и хидратира, притоа додавајќи бестежинска контрола на обликување и цврстина со делотворни својства како гел или спреј за зацврстување.
Fingerbrush Combo М – Лесно и безболно ќе ја отплетка и расчешла косата, ќе ѝ пружи неверојатна нега и ќе ја заштити од кинење и оштетување. Ергономскиот дизајн и флексибилноста овозможуваат длабинска масажа на скалпот кој го стимулира растењето на косата. Влакненцата на четката помагаат за рамномерна распределба на природните масла на косата низ целиот скалп, правејќи ја поздрава, истакнувајќи го нејзиниот природен сјај.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Coily шампонот за темелно прочистување и длабинска нега. Доколку е потребно, при нанесување на шампонот расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за коса. Исплакнете темелно.
- Нанесете од Coily третманот по скалпот па се до врвовите. Расчешлајте доколку е потребно со Fingerbrush четката за коса. Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете.
- На чиста и влажна коса, нанесете од Coily Leave-in спрејот за коса. Спрејот дополнително ќе омекне и хидратира косата. Не се измива. Стилизирајте по ваша желба, со помош Fingerbrush четката за коса.