Природно кадравата и брановидна коса е често деликатна и тешка за справување, и е од исклучително значење да ја добие соодветната нега. Кога косата е соодветно негувана и здрава одвнатре, однадвор изгледа здрава, мека и беспрекорно сјајна. Со продуктите од овој сет ќе го добиете токму тоа.
Продуктите на It’a a 10 ќе ја обезбедат сета потребна нега на кадравата коса, додека во комбинирана употреба со Expert Style Control четката за коса, ќе добиете поголема контрола при стилизирање на косата, нејзино отплеткување и расчешлување, но и прецизно дефинирање на локните.
Сетот содржи:
Coily Shampoo, 300 ml – Шампон наменет за нега, обнова, хидратација и дефинирање на кадравата и брановидна коса. Моќната хидратна формула продира длабоко во структурата на влакното за да ја обнови штетата настаната од хемиски третмани и топли уреди за стилизирање. Со секоја нова употреба овој шампон, несомнено ќе обезбеди совршено дефинирани локни, скротена и мазна коса без разлетување, отпорност на влага, поголема цврстина и помалку распукани врвови.
Coily Mask, 240 ml – Третман наменет за обнова, хидратација и дефинирање на кадрава и брановидна коса. Навлегува длабоко во структурата на влакното за длабински да ја регенерира и хидратира оштетена коса. Воедно, го враќа сјајот и еластичноста на косата и помага за полесно расчешлување, а одличен е и при користење кај бојадисаната коса бидејќи ја заштитува бојата од избледување.
Coily Leave-in, 120 ml – Спреј кој не се измива, за стилизирање, хидратација и нега на кадравата и брановидна коса. Овој спреј за коса обезбедува целосна слобода при креирање на најразлични стајлинзи. Со помош на формулата со моќни хидратанти навлегува длабоко во структурата на влакното за да го омекне и хидратира, притоа додавајќи бестежинска контрола на обликување и цврстина со делотворни својства како гел или спреј за зацврстување.
Expert Style Control – Анти-статичка четка наменета за кадрава, долга, брановидна или крута коса со дебело влакно. Благодарејќи на цврстите влакна, внимателно дизајнирани во 9 реда, обезбедува поголема контрола при користење. Одлична е за стилизирање на косата, нејзино отплеткување и расчешлување, но и за дефинирање на локните благодарејќи на нејзината кружна форма и дизајн. Содржи дополнителна алатка за лесно и прецизно секцирање на косата. Лесна и практична за користење, ја скротува косата без да создава статички електрицитет.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Coily шампонот за темелно прочистување и длабинска нега. Доколку е потребно, при нанесување на шампонот расчешлајте ја косата со Expert Style Control четката за коса. Исплакнете темелно.
- Нанесете од Coily третманот по скалпот па се до врвовите. Расчешлајте доколку е потребно со Expert Style Control четката за коса. Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете.
- На чиста и влажна коса, нанесете од Coily Leave-in спрејот за коса. Спрејот дополнително ќе омекне и хидратира косата. Не се измива. На чиста и влажна коса, нанесете од Coily Leave-in спрејот за коса. Спрејот дополнително ќе омекне и хидратира косата. Не се измива. Стилизирајте по ваша желба, со помош Expert Style Control четката за коса.