Посакувате продукти за коса кои ќе ја негуваат косата, а воедно ќе ја подготват за беспрекорен стајлинг со експлозивен сјај? Овој сет е создаден токму за таа намена.
Продуктите на It’s a 10 со високо ефикасна и моќна формула, ќе создадат гламурозно сјајна коса, со зголемен волумен, заштита на бојата од избледување, заштита од топлина и кршливост на влакното. Со употреба на четката на Olivia Garden наменета за фенирање, вашата коса ќе добие драматичен сјаен ефект со неверојатен волумен.
Сетот содржи:
Blow dry Miracle Glossing Shampoo, 300 ml – Шампон со високо – ефикасни формули наменет за зголемување на сјајот на косата, ја заштитува бојата од избледување, го зголемува волуменот, заштитувајќи го влакното од кршливост.
Blow dry Miracle Glossing Glaze Conditioner, 300 ml – Регенератор наменет за зголемување на сјајот на косата, ги обновува распуканите врвови, ја измазнува косата и ја заштитува од влага.
Leave-In Blow Dry, 120 ml – Спреј регенератор кој ефикасно ја хидрира косата, ја зацврстува одвнатре косата и ги затвора врвовите на влакната. Воедно, обезбедува неверојатен сјај, еластичност, ја заштитува од топлина, штетните УВ зраци, кинење на врвовите без да ја натежне и измасти.
Expert Blowout Shine Wavy Bristles 45 mm – Четка за сјајна и мазна коса, со керамички цилиндар за вентилација кој обезбедува еднаква распределба на топлината при фенирање.
· Волумен и сјај.
· Помага за брзо сушење на косата.
· Анти-статичка.
· Брановидни влакненца.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Blow dry Miracle Glossing шампонот за темелно прочистување и длабинска нега. Исплакнете темелно.
- Проследете со нанесување на регенераторот Blow dry Miracle Glossing на чиста, претходно измиена коса од коренот па се до врвовите. Оставете да делува најмалку 3 минути и потоа исплакнете. Темелното измивање со млака вода ќе помогне да се заклучи влагата во внатрешноста на влакното. Стилизирајте по желба.
- Нанесете од Leave-In Blow Dry спрејот рамномерно по должината па се до врвовите на чиста и мокра коса просушена со пешкир. Продуктот не се измива.
- Завршете со стилизирање на косата со Expert Blowout Shine Wavy Bristles четката за коса. На овој начин косата двојно ќе го зголемите волуменот и сјајот на вашата коса.