Посакувате продукти за коса кои ќе ја негуваат косата, а воедно ќе ја подготват за беспрекорен стајлинг со експлозивен сјај? Овој сет е создаден токму за таа намена.
Продуктите на It’s a 10 со високо ефикасна и моќна формула, ќе создадат гламурозно сјајна коса, со зголемен волумен, заштита на бојата од избледување, заштита од топлина и кршливост на влакното. Во комбинирана употреба со бамбусовата четка Blowout Boar, ќе обезбедите дополнителна нега на вашата коса заради природните влакненца на четката кои ќе помогнат за враќање на балансот на косата со двојна заштита од кинење.
Сетот содржи:
Blow dry Miracle Glossing Shampoo, 300 ml – Шампон со високо – ефикасни формули наменет за зголемување на сјајот на косата, ја заштитува бојата од избледување, го зголемува волуменот, заштитувајќи го влакното од кршливост.
Blow dry Miracle Glossing Glaze Conditioner, 300 ml – Регенератор наменет за зголемување на сјајот на косата, ги обновува распуканите врвови, ја измазнува косата и ја заштитува од влага.
Leave-In Blow Dry, 120 ml – Спреј регенератор кој ефикасно ја хидрира косата, ја зацврстува одвнатре косата и ги затвора врвовите на влакната. Воедно, обезбедува неверојатен сјај, еластичност, ја заштитува од топлина, штетните УВ зраци, кинење на врвовите без да ја натежне и измасти.
Bamboo Touch Blowout Boar 40 mm – Еколошка четка за коса, која го враќа балансот на скалпот во оптимална состојба. Помага за побрзо сушење на косата, ја заштитува од кинење и оштетување, обезбедува нега и сјај. Природните влакненца на четката помагаат за враќање на балансот на косата, бидејќи при расчешлувањето рамномерно ги распределуваат природните масла на скалпот низ косата.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Blow dry Miracle Glossing шампонот за темелно прочистување и длабинска нега. Исплакнете темелно.
- Проследете со нанесување на регенераторот Blow dry Miracle Glossing на чиста, претходно измиена коса од коренот па се до врвовите. Оставете да делува најмалку 3 минути и потоа исплакнете. Темелното измивање со млака вода ќе помогне да се заклучи влагата во внатрешноста на влакното. Стилизирајте по желба.
- Нанесете од Leave-In Blow Dry спрејот рамномерно по должината па се до врвовите на чиста и мокра коса просушена со пешкир. Продуктот не се измива.
- Завршете со стилизирање на косата со Blowout Boar четката за коса. На овој начин ќе обезбедите двојна нега и заштита на косата при стилизирање со посакуван ефект на зголемен волумен и сјај.