Сет од производи кој ќе го врати недостатокот од изгубен протеин во влакното и ќе ја направи вашата коса мазна и сјајна како свила.
Продуктите на It’s a 10 внимателно формулирани со протеин од свила во комбинација со Fingerbrush четката за коса, ќе го обезбеди сето она што е потребно за здрава и блескаво сјајна коса.
Сетот е наменет за коса која е оштетена и хемиски третирана, која изгледа безживотно, сува, со изгубен сјај. Секој од производите од овој сет ќе помогне во темелна обнова на косата, навлегувајќи длабоко во структурата на влакното.
Четката со која ја расчешлувате мократа и сува коса и составот на влакненцата на четката, истотака се од исклучително значење за здравјето на вашата коса. Користењето на Fingerbrush четката за коса во комбинација со It’s a 10 продуктите за нега, двојно ќе ја заштити косата од кинење, ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Сетот содржи:
Miracle Silk Shampoo 300ml - Шампон наменет за зацврстување на структурата на влакното, обезбедува длабинска нега и неверојатен сјај. Нежно, но ефикасно ја чисти косата, додека специјалната формула со свила го зацврстува и длабински го негува влакното. Благодарејќи на протеинот од свила, овој шампон успешно ја затвора кутикулата на влакното давајќи ѝ беспрекорен сјај.
Miracle Silk Hair Mask 240ml - Tретман наменет за обнова и длабока хидратација на оштетена и хемиски третирана коса за сите типови на коса, внимателно формулиран со протеин од свила, Уникатната формула навлегува длабоко во структурата на влакното и го надоместува загубениот протеин при хемиски третмани и оштетувања.
Miracle Silk Leave-in 120ml - Sпреј регенератор наменет за длабинска нега на сите типови на коса, зацврстувајќи ја структурата на влакното од скалпот па сè до врвовите. Збогатен со моќните перформанси на свилата, обезбедува долготрајни резултати за целосна обнова на косата, која воедно е заштитена од влага, топлина и слободни радикали.
Fingerbrush Combo М - Лесно и безболно ќе ја отплетка и расчешла косата, ќе ѝ пружи неверојатна нега и ќе ја заштити од кинење и оштетување. Ергономскиот дизајн и флексибилноста овозможуваат длабинска масажа на скалпот кој го стимулира растењето на косата. Влакненцата на четката помагаат за рамномерна распределба на природните масла на косата низ целиот скалп, правејќи ја поздрава, истакнувајќи го нејзиниот природен сјај.
Начин на користење:
- Расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за лесно и безболно расплетување на косата и подобра апсорпција на продуктите за нега на коса. На мокра коса нанесете од Miracle Silk шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата.
- Проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Miracle Silk Hair маската за коса. Почекајте да делува 5 до 10 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Silk Leave-in спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите.
- Расчешлајте ја повторно косата со Fingerbrush четката за зголемување на сјајот, подобра распределба и длабоко продирање на продуктите во структурата на влакното. Стилизирајте по желба!