Сет од производи кој ќе го врати недостатокот од изгубен протеин во влакното и ќе ја направи вашата коса мазна и сјајна како свила.
Продуктите на It’s a 10 внимателно формулирани со протеин од свила во комбинација со Essential Style Blend четката за коса, ќе го обезбеди сето она што е потребно за здрава и блескаво сјајна коса.
Сетот е наменет за коса која е оштетена и хемиски третирана, која изгледа безживотно, сува, со изгубен сјај. Секој од производите од овој сет ќе помогне во обнова на косата, навлегувајќи длабоко во структурата на влакното.
Ефикасноста на продуктите за нега на коса, значително се зголемува доколку продуктот рамномерно, темелно и длабински нанесен на косата. За таа намена, ќе ви помогне Essential Style Blend четката за коса која ќе обезбеди максимална делотворност на it’s a 10 продуктите.
Сетот содржи:
Miracle Silk Shampoo 300 ml – Шампон наменет за зацврстување на структурата на влакното, обезбедува длабинска нега и неверојатен сјај. Нежно, но ефикасно ја чисти косата, додека специјалната формула со свила го зацврстува и длабински го негува влакното. Благодарејќи на протеинот од свила, овој шампон успешно ја затвора кутикулата на влакното давајќи ѝ беспрекорен сјај.
Miracle Silk Hair Mask 240 ml – Третман наменет за обнова и длабока хидратација на оштетена и хемиски третирана коса за сите типови на коса, внимателно формулиран со протеин од свила, Уникатната формула навлегува длабоко во структурата на влакното и го надоместува загубениот протеин при хемиски третмани и оштетувања.
Miracle Silk Leave-in 120 ml – Спреј регенератор наменет за длабинска нега на сите типови на коса, зацврстувајќи ја структурата на влакното од скалпот па сè до врвовите. Збогатен со моќните перформанси на свилата, обезбедува долготрајни резултати за целосна обнова на косата, која воедно е заштитена од влага, топлина и слободни радикали.
Essential Style Blend – Четка за лесно и длабинско распределување на сите типови на продукти за нега на коса, од скалпот, па сè до врвовите. Благодарејќи на memory flex влакната, оваа четка овозможува и лесно и еднакво распределување на бојата за коса по должината и скалпот. Ергономски дизајн кој совршено се прилагодува на формата на скалпот, а при чешлањето дава пријатна и релаксирачка масажа на скалпот која го стимулира растењето на косата.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Miracle Silk шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата, потоа расчешлајте ја косата со Essential Style Blend четката за коса, за стимулирање на скалпот и длабинско нанесување на шампонот. Темелно исплакнете.
- Рачешлајте ја косата повторно со Essential Style Blend четката и проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сè до врвовите од Miracle Silk маската за коса. За рамномерна и длабинско нанесување на регенераторот, расчешлајте ја косата повторно. Почекајте да делува 5 до 10 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Silk Leave-In спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сè до врвовите и секако повторно расчешлајте ја косата со Essential Style Blend.