Прекумерното мастење на скалпот, честото користење на уреди за стилизирање, слободните радикали од околината, сето тоа придонесува до појава на иритации и воспаленија на скалпот. Со овој сет ќе ја обновите виталноста и здравјето на вашиот скалп. Во комбинирана употреба со четката Bamboo Touch Detangle Massage со 100% природни бамбусови влакненца ќе кажете збогум на проблематичниот скалп, која се користи за масажа и стимулирање на крвотокот на скалпот.
Сетот содржи:
Miracle Charcoal Shampoo, 300 ml – Шампон со смирувачко дејство, наменет за проблематичен и воспален скалп, кој ќе обезбеди ексфолијација од наталожените маснотии и честички. Воедно, ја регулира и стимулира природната влага на скалпот за длабока хидратација и смирувачко дејство. Формулиран со Seascalp™ морски минерали, го потхранува скалпот и косата.
Miracle Calming Spray, 120 ml – Спреј за смирување и третман на проблематичен скалп склон на воспаленија, иритации, првут и чешање. Овој лесен, но моќен спреј кој не се измива, помага во смирување на воспалениот и чувствителен скалп, а благодарејќи на уникатниот спој на моќни формули од аминокиселини, есенцијални масла и природни хидратанти, ќе ѝ пружи нега и ќе ја зајакне косата од скалпот па се до врвовите.
Miracle Tingling Conditioner, 240 ml – Регенератор со моќни состојки наменет за смирување и третирање на проблематичен скалп склон на иритации, првут и чешање. Формулиран со аминокиселини, хидратанти и моќни состојки за смирување, ќе ги остави косата и скалпот здрави, хидрирани и со полн сјај. Со помош на внимателно одбраните состојки, како екстракт од еукалиптус ќе го третира и смири воспалениот скалп од чешање и иритација, а воедно ќе обезбеди пријатно чувство на ладење.
Bamboo Touch Detangle Massage L – Еколошка четка за коса со 100% природни бамбусови влакненца.
· Комфорно перниче за двојна нега
· Ефект на масажа за стимулирање на крвотокот
· Лесно и безболно ја отплеткува и расчешлува косата
Начин на користење:
- Најпрво започнете со расчешлување на косата со Bamboo Touch Detangle Massage четката за коса. Пред да почнете со миење, со благи движења со помош на четката расчешлајте и измасирајте го скалпот за да го стимулирате крвотокот.
- На мокра коса нанесете од Blow dry Miracle Glossing шампонот за ексфолијација на скалпот од наталожените маснотии и честички. Исплакнете темелно.
- Проследете со нанесување од скалпот па се до врвовите од Miracle Tingling регенераторот за нега на косата и смирување на скалпот од чешање и иритација, со ефект на пријатно чувство на ладење. Опционално е да повторите повторно кратка и нежна масажа на скалпот со помош на четката Bamboo Touch Detangle Massage. Оставете да делува 3 до 5 минути и темелно измијте.
- Завршете нанесување на Miracle Calming Spray и со нежно масирање најпрво со рацете, а потоа со четката, распределете го рамномерно низ целиот скалп, за да ја смирите иритацијата и чешањето.
- По завршување на третманот, со четката темелно расчешлајте ја косата и стилизирајте по желба.