Овој сет е наменет за нега и целосна обнова на прекумерно оштетена и хемиски третирана коса.
Неверојатна комбинација на It’s a 10 продуктите за нега на коса со Olivia Garden ќе и дадат втора шанса на оштетената и сува коса подложна на кинење.
Кератинската формула ќе ја обнови косата и ќе го врати нејзиниот сјај, еластичност и здрав изглед, а воедно ќе стане отпорна на кинење и понатамошно оштетување.
Четката со која ја расчешлувате мократа и сува коса и составот на влакненцата на четката, се од исклучително значење за здравјето на вашата коса. Користењето на Olivia Garden четките за коса во комбинација со It’s a 10 продуктите за нега, двојно ќе ја заштити косата од кинење, ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Сетот содржи:
Miracle Leave-in Plus KERATIN 120ml - Спреј регенератор е наменет за интензивна нега на екстремно оштетената коса, навлегувајќи длабоко во структурата на влакното го надоместува недостатокот од протеин во него. Овој лесен, високо ефикасен и неодоливо ароматичен регенератор навлегува длабоко во структурата на влакното за да ја регенерира екстремно сувата и оштетена коса.
Miracle Deep Conditioner Plus KERATIN 150ml - Третман за интензивна нега и длабока хидратација на оштетена, сува и кршлива коса. Формулата со кератин, алое вера и останати природни нутриенти ефикасно ја измазнува кутикулата на влакното, заштитува од топлина и штетните УВ зраци и спречува од кинење на врвовите.
Miracle Shampoo Plus KERATIN 300ml - Кератински шампон за обнова на екстремно оштетена, сува и кршлива коса.
It’s a 10 Miracle Шампон Plus Keratin длабоко ја негува косата, ја штити кератинската структура на влакното и го спречува губењето на кератин во влакното. Овој шампон со својата внимателно создадена формула, воедно ја заштитува и бојата на косата, заштитува од топлина, слободни радикали оставајќи ја косата сјајна, мека и беспрекорно мазна.
Fingerbrush Combo М - Лесно и безболно ќе ја отплетка и расчешла косата, ќе ѝ пружи неверојатна нега и ќе ја заштити од кинење и оштетување. Ергономскиот дизајн и флексибилноста овозможуваат длабинска масажа на скалпот кој го стимулира растењето на косата. Влакненцата на четката помагаат за рамномерна распределба на природните масла на косата низ целиот скалп, правејќи ја поздрава, истакнувајќи го нејзиниот природен сјај.
Начин на користење:
- Расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за лесно и безболно расплетување на косата и подобра апсорпција на продуктите за нега на коса.
- На мокра коса нанесете од Miracle Keratin шампонот за темелно прочистување и обнова на косата.Проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Miracle Deep регенераторот за коса. Почекајте да делува 5 до 10 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Leave-In Keratin спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите.
- Расчешлајте ја повторно косата со Fingerbrush четката за зголемување на сјајот и подобра распределба и длабоко продирање на продуктите во структурата на влакното. Стилизирајте по желба!