Овој сет е наменет за нега и целосна обнова на прекумерно оштетена и хемиски третирана коса.
Неверојатна комбинација на It’s a 10 продуктите за нега на коса со Olivia Garden ќе ѝ дадат втора шанса на оштетената и сува коса подложна на кинење.
Кератинската формула ќе ја обнови косата и ќе го врати нејзиниот сјај, еластичност и здрав изглед, а воедно ќе стане отпорна на кинење и понатамошно оштетување. Ефикасноста на продуктите за нега на коса, значително се зголемува доколку продуктот рамномерно, темелно и длабински нанесен на косата. За таа намена, ќе ви помогне Essential Style Blend четката за коса која ќе обезбеди максимална делотворност на it’s a 10 продуктите.
Сетот содржи:
Miracle Leave-in Plus KERATIN 120ml - Спреј регенератор е наменет за интензивна нега на екстремно оштетената коса, навлегувајќи длабоко во структурата на влакното го надоместува недостатокот од протеин во него. Овој лесен, високо ефикасен и неодоливо ароматичен регенератор навлегува длабоко во структурата на влакното за да ја регенерира екстремно сувата и оштетена коса.
Miracle Deep Conditioner Plus KERATIN 150ml - Третман за интензивна нега и длабока хидратација на оштетена, сува и кршлива коса. Формулата со кератин, алое вера и останати природни нутриенти ефикасно ја измазнува кутикулата на влакното, заштитува од топлина и штетните УВ зраци и спречува од кинење на врвовите.
Miracle Shampoo Plus KERATIN 300ml - Кератински шампон за обнова на екстремно оштетена, сува и кршлива коса.
It’s a 10 Miracle Шампон Plus Keratin длабоко ја негува косата, ја штити кератинската структура на влакното и го спречува губењето на кератин во влакното. Овој шампон со својата внимателно создадена формула, воедно ја заштитува и бојата на косата, заштитува од топлина, слободни радикали оставајќи ја косата сјајна, мека и беспрекорно мазна.
Essential Style Blend - Четка за лесно и длабинско распределување на сите типови на продукти за нега на коса, од скалпот, па сè до врвовите. Благодарејќи на memory flex влакната, оваа четка овозможува и лесно и еднакво распределување на бојата за коса по должината и скалпот. Ергономски дизајн кој совршено се прилагодува на формата на скалпот, а при чешлањето дава пријатна и релаксирачка масажа на скалпот која го стимулира растењето на косата.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Miracle Keratin шампонот за темелно прочистување и обнова на косата, потоа расчешлајте ја косата со Essential Style Blend четката за коса, за стимулирање на скалпот и длабинско нанесување на шампонот. Темелно исплакнете.
- Рачешлајте ја косата повторно со Essential Style Blend четкатаи проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Miracle Deep регенераторот за коса. За рамномерна и длабинско нанесување на регенераторот, расчешлајте ја косата повторно. Почекајте да делува 5 до 10 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Leave-In Keratin спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите и секако повторно расчешјате ја косата со Essential Style Blend.