Косата изгледа безживотно и сува, со изгубена еластичност и сјај. Не грижете се, It’s a 10 и Оlivia Garden ќе ја обезбедат потребната нега на вашата коса, до резултат на сјајна, здрава и еластична коса, отпорна на кинење и понатамошно оштетување.
Безразлика дали е оштетена од уреди за стилизирање или хемиски третмани, продуктите на It's a 10, формулирани со исклучително природни состојки, ќе обезбедат длабока нега и хидратација.
Четката со која ја расчешлувате мократа и сува коса и составот на влакненцата на четката, истотака се од исклучително значење за здравјето на вашата коса. Користењето на Fingerbrush четката за коса во комбинација со It’s a 10 продуктите за нега, двојно ќе ја заштити косата од кинење, ќе обезбеди двојно поздрава и посјајна коса.
Сетот содржи:
Miracle Hair Mask 240ml - Третман за интензивна нега и хидратација на оштетена и сува коса. Внимателно формулирана за длабински третман на оштетена и хемиски третирана коса, оваа маска може да се користи како секојдневна рутина за нега, но и како длабок третман за интензивна нега.
Miracle Moisture Shampoo 300ml - Шампон наменет за обнова на сува и оштетена коса. Создаден со високо ефикасна формула, овој шампон нежно ќе ја исчисти, но ќе ѝ пружи и длабинска нега на косата. Обезбедува хидратација на влакното уште од првото миење, а косата ќе стане сјајна, мека и еластична како никогаш досега.
Miracle Leave-In Product 120ml – Спреј регенератор кој не се измива, наменет е за длабинска нега на сувата и оштетена коса. Култниот класик Miracle Leave In Спреј Регенератор, кој не се измива го елиминира разлетувањето, го враќа сјајот и ја враќа косата во нејзината здрава состојба. Формулиран со исклучително природни состојки како што се екстракт од сончогледови семки, ливчиња од зелен чај, протеин од свила – серицин, го зајакнуваат и заздравуваат влакното и обезбедуваат неверојатен сјај, правејќи ја здрава на изглед и мека на допир, после секое нанесување на продуктот.
Fingerbrush Combo М - Лесно и безболно ќе ја отплетка и расчешла косата, ќе ѝ пружи неверојатна нега и ќе ја заштити од кинење и оштетување. Ергономскиот дизајн и флексибилноста овозможуваат длабинска масажа на скалпот кој го стимулира растењето на косата. Влакненцата на четката помагаат за рамномерна распределба на природните масла на косата низ целиот скалп, правејќи ја поздрава, истакнувајќи го нејзиниот природен сјај.
Начин на користење:
- Расчешлајте ја косата со FIngerbrush четката за лесно и безболно расплетување на косата и подобра апсорпција на продуктите за нега на коса.
- На мокра коса нанесете од Miracle Moisture шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата.
- Проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Miracle Hairмаската за коса. Почекајте да делува 3 до 5 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Leave-In спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите.
- Расчешлајте ја повторно косата со Fingerbrush четката за зголемување на сјајот и подобра распределба и длабоко продирање на продуктите во структурата на влакното. Стилизирајте по желба!