Косата изгледа безживотно и сува, со изгубена еластичност и сјај. Не грижете се, It’s a 10 и Оlivia Garden ќе ја обезбедат потребната нега на вашата коса, до резултат на сјајна, здрава и еластична коса, отпорна на кинење и понатамошно оштетување.
Безразлика дали е оштетена од уреди за стилизирање или хемиски третмани, продуктите на It's a 10, формулирани со исклучително природни состојки, ќе обезбедат длабока нега и хидратација. Ефикасноста на продуктите за нега на коса, значително се зголемува доколку продуктот рамномерно, темелно и длабински нанесен на косата. За таа намена, ќе ви помогне Essential Style Blend четката за коса која ќе обезбеди максимална делотворност на it’s a 10 продуктите.
Сетот содржи:
Miracle Hair Mask 240ml - Третман за интензивна нега и хидратација на оштетена и сува коса. Внимателно формулирана за длабински третман на оштетена и хемиски третирана коса, оваа маска може да се користи како секојдневна рутина за нега, но и како длабок третман за интензивна нега.
Miracle Moisture Shampoo 300ml - Шампон наменет за обнова на сува и оштетена коса. Создаден со високо ефикасна формула, овој шампон нежно ќе ја исчисти, но ќе ѝ пружи и длабинска нега на косата. Обезбедува хидратација на влакното уште од првото миење, а косата ќе стане сјајна, мека и еластична како никогаш досега.
Miracle Leave-In Product 120ml – Спреј регенератор кој не се измива, наменет е за длабинска нега на сувата и оштетена коса. Култниот класик Miracle Leave In Спреј Регенератор, кој не се измива го елиминира разлетувањето, го враќа сјајот и ја враќа косата во нејзината здрава состојба. Формулиран со исклучително природни состојки како што се екстракт од сончогледови семки, ливчиња од зелен чај, протеин од свила – серицин, го зајакнуваат и заздравуваат влакното и обезбедуваат неверојатен сјај, правејќи ја здрава на изглед и мека на допир, после секое нанесување на продуктот.
Essential Style Blend - Четка за лесно и длабинско распределување на сите типови на продукти за нега на коса, од скалпот, па сè до врвовите. Благодарејќи на memory flex влакната, оваа четка овозможува и лесно и еднакво распределување на бојата за коса по должината и скалпот. Ергономски дизајн кој совршено се прилагодува на формата на скалпот, а при чешлањето дава пријатна и релаксирачка масажа на скалпот која го стимулира растењето на косата.
Начин на користење:
- На мокра коса нанесете од Miracle Moisture шампонот за темелно прочистување и длабока хидратација на косата, потоа расчешлајте ја косата со Essential Style Blend четката за коса, за стимулирање на скалпот и длабинско нанесување на шампонот. Темелно исплакнете.
- Рачешлајте ја косата повторно со Essential Style Blend четкатаи проследете со рамномерно нанесување од скалпот па сѐ до врвовите од Miracle Hair маската за коса.
- За рамномерна и длабинско нанесување на регенераторот, расчешлајте ја косата повторно. Почекајте да делува 5 до 10 минути и измијте темелно.
- Завршете го третманот со Miracle Leave-In Keratin спрејот за коса. На мокра коса просушена со пешкир напрскајте рамномерно по должината на целата коса сѐ до врвовите и секако повторно расчешјате ја косата со Essential Style Blend.