Шампон за активација на коренот и стимулирање на растот на косата.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Шампон за активација на коренот и стимулирање на растот на косата. Соодветен за коса склона кон опаѓање.
Дејство: Овој шампон значително го намалува и спречува опаѓањето на косата, со што го овозможува нејзиното згуснување. Пантенол, таурин и карнитин се клучните 3 состојки кои го стимулираат растот на косата и го обезбедуваат здравиот изглед на косата и скалпот. Тауринот го зајакнува влакното, пантенолот ја обезбедува потребната хидратација и карнитинот го активира и стимулира коренот коренот на влакното.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса. Нежно се протрива и се масира скалпот. Се остава да делува 2 минути. Темелно се измива. Може да се користи секојдневно.