Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

BC R-Two

- 0 Коментари
BC R-Two

Доколку барем еднаш сте се соочиле со екстремно оштетена коса, тогаш сигурно знаете колку фрустрирачки може да биде нејзиното секојдневно одржување и средување. Честите хемиски третмани како што се бојадисување, избелување како и постојаното изложување на топлина, придонесуваат за распукани врвови и кинење на влакната.

После испробани безброј продукти и третмани за нејзино обновување и ревитализирање, резултатот е повторно ист- неуспешен. Косата повторно изгледа уморно и безживотно, па често ја криете собрана или веќе сте на пат кон одлуката за нејзино целосно кратење.

Но, постои решение кое може да ја обнови вашата коса во само два брзи и лесни чекори.  Новата Bonacure R-Two линија на производи со иновативната и научно докажана Double Bonding технологија, се состои од вегански и чисти формули што ја ресетираат, обновуваат и враќаат во живот екстремно оштетената коса.


ШТО Е DOUBLE BONDING ТЕХНОЛОГИЈА И ЗОШТО Е ВАЖНА?

За подобро да разберете како Bonacure R -TWO работи со својата Double Bonding технологијата, прво е потребно да ја објасниме накратко науката која стои зад структурата на влакното. Врските во влакната се молекуларни конекции кои се круцијални за одржување на здравјето, цврстината и отпорноста на косата кои и даваат сјај, форма, еластичност и движење.

Постојат три главни видови на врски: водородни, јонски и ковалентни врски. Овие врски се конекции помеѓу различни атоми во протеинската структурата на влакното, главно составена од протеинот наречен кератин.

Водородните и јонските врски се слаби врски кои се одговорни за структурата, еластичноста, стабилноста и текстурата на косата и лесно можат да бидат прекинати од промената на влажноста, Ph вредноста или механички стрес предизвикан на косата.

Ковалентните врски се силни врски кои се одговорни за јачината и отпорноста на косата и може да бидат прекинати од хемиски третмани врз косата како бојадисување, избелување или изложување на топлина кое придонесува за оштетена и слаба коса, кое понатаму ќе резултира со испукани врвови и кинење на влакната.

Bonacure R- Two со својата Double Bonding технологија е клучен за репарирање и повторно воспоставување на овие врски во влакното, со која продира длабоко во неговата структура и активно да ги подобрува раскинатите врски. Со ова го стимулира создавањето на нови, додека истовремено ја зацврстува внатрешната матрица на влакната на косата и ја зајакнува α- спиралната структура на влакното. На овој начин го зголемува  потенцијалот за обновување на влакната при уништување и притоа го прави влакното отпорно на нови и репетитвни оштетувања. Производите од R-Two линијата се толку внимателно создадени што може да се користат во двојна комбинација. Па така, можете да ги користите за подготовка и заштита или подготовка и обнова пред хемиски третман, за ресетирање и обнова на екстремно оштетена коса после хемиски третман, како и за секојдневна домашна нега. Накратко кажано, во само два лесни чекори оваа технологија ја обновува косата од оштетување кое е еквивалентно на едно осветлување, две бајалаж услуги и 20000 чешлања.

Резултати кои воодушевуваат!

Со само една апликација од Bonacure R- Two резултатите се повеќе од видливи. Вашата коса ќе искуси десет пати повеќе заштита при репетитивно оштетување, 93% помалку кршење на косата и 90% помалку испукани врвови.

Заклучок!

Bonacure R- Two не само што ќе и даде втора шанса на вашата коса, туку ќе ви ја врати и самодовербата која доаѓа со здрава и сјајна коса. Иновативната технологија ветува магичен ефект и беспрекорен резултат. Ова е наша топла препорака за крај на проблемите со екстремно оштетена коса и почеток на нова етапа со коса која заслужувате да ја имате.

Коментари (0)