Ампули за третман на коса склона кон опаѓање.
Намена: Серум наменет за третирање на слаба и разретчена коса склона кон опаѓање.
Дејство: Ја активира микроциркулацијата на скалпот, го стимулира коренот на влакното и го намалува непатолошкото опаѓање на косата за 6 недели.
Овој серум нежно ја чисти косата и ја зајакнува за 40%, значително го подобрува здравјето на косата, притоа ја остава сјајна и мека на допир.
Bonacure Root Activating серумот е збогатен со гуарана која со своите антиоксидантски дејствија помага за двојно стимулирање на фоликулите на влакната и биотин кој го зголемува производството на кератинот, кој придонесува за зголемување на цврстината и здравјето на влакното.
Специјално одбраните состојки помагаат за брза апсорпција без да ја натежнува косата, давајќи ѝ виталност и цврстина.
Без сулфати, со веганска формула.Дерматолошки е одобрен.Погодно за секојдневна употреба.
Начин на употреба: Серумот е достапен и во форма на ампули. Се нанесува на просушена со пешкир или сува коса. Кога се нанесува серумот во форма на ампула се препорачува користење на една цела ампула од 7ml два пати дневно. Косата се дели на еднакви секции и се нанесува рамномерно со нежна масажа на скалпот. Не се измива.