Шампон за нежно и ефикасно чистење на скалп со првут.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Шампон за нежно и ефикасно чистење на скалп со првут. Кога се користи редовно во комбинација со BC Scalp Genesis Rebalancing Serum, ефикасно се отстранува првутот и се спречува негово повторно појавување.
Дејство: StemCodeTM комплексот помага во ребалансирањето на скалпот. Витаминот Е (токоферил ацетат) претставува антиоксиданс кој го штити скалпот од надворешни влијанија. Цинк пиритионот делува против габични инфекции на скалпот и ефикасно делува против првутот. Пантенолот обезбедува оптимално ниво на хидратација на косата, додека алантоинот има смирувачко дејство врз скалпот.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса, темелно се протрива и измива. По потреба, постапката се повторува. За оптимални резултати, по измивањето се користи BC Scalp Genesis Rebalacing Serum.