Шампон за длабинско чистење на мрсен скалп и коса од вишок себум и нечистотии.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Шампон за длабинско чистење на мрсен скалп и коса од вишок себум и нечистотии.
Дејство: StemCodeTM комплексот помага во ребалансирањето на скалпот и чистење на маснотиите. Дериватот на витаминот Б3 (ниацинамид) ја зајакнува косата, додека пантенолот обезбедува оптимална хидратација на косата. Хидролизираниот кератин ги пополнува структурните празнини на влакното, со што се зајакнува косата и се враќа нејзината еластичност.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса. Темелно се протрива и измива. По потреба, постапката се повторува. Се употребува во комбинација со соодветен BC Bonacure режим. Производот е соодветен за секојдневна употреба доколку скалпот е многу мрсен.