Шампон наменет за активирање и поттикнување на растот на косата.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена:Шампон наменет за активирање и поттикнување на растот на косата. Соодветен за слаба, безживотна и разретчена коса, склона кон опаѓање. Претставува прв чекор од режимот за стимулирање на растот на косата. Редовната примена на BC Scalp Genesis Root Activating режимот ја враќа виталноста на косата и го намалува непатолошкото опаѓање на косата по 6 недели.
Дејство: Нежната формула која содржи карнитин татрат, таурин и ехинацеа го стимулира коренот на косата. Карнитин татратот ја поттикнува и интензивира поделбата на клетките и стимулира создавање на нови клетки со што се враќа виталноста на косата. Тауринот го стимулира растот на влакното, додека екстрактот од ехинацеа го интензивира дејството на активните состојки и го подобрува квалитетот на косата. Пантенолот обезбедува оптимално ниво на хидратација на косата.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса, темелно се протрива и измива. По потреба, постапката се повторува. Негата се дополнува со BC Scalp Genesis Root Activating Serumи BC Scalp Genesis Root Activating Densifying Foam. Соодветен за секојдневна употреба.