Пена за длабинска нега на тенка до нормална коса на која и недостасува волумен и еластичност.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Пена наменета за длабинска нега и подигнување на косата во коренот. Соодветна за тенка до нормална коса на која и недостасува волумен и еластичност.
Дејство: Формулата базирана на „Cell Perfector“технологија и колаген ја обновува и зајакнува структурата на косата, обезбедувајќи ѝ значително повеќе волумен, дефиниција и сјај. Косата изгледа побујна до 3 дена. Исто така, овој производ обезбедува заштита од топлина при стилизирање.
Начин на употреба: Добро се протресува. При нанесување производот се држи исправен. Се нанесува посакуваната количина на дланка или директно во коренот и темелно се расчешлува. Не се измива.