Третман за длабинска нега, обнова и хидратација на руса коса.
Намена: Третман наменет за интензивна нега и моментална обнова на секој тип на руса коса, идеален за оние на кои им е потребна длабинска исхрана и лесно расчешлување.
Дејство: BLONDMe Bond Repair Nourishing третманот ја користи Bond Repair технологијата за длабинска нега и моментално расчешлување на косата. Овој третман интензивно го храни и хидрира влакното без да го отежнува. Ефикасно ја затвора и измазнува површината на порозната коса, со што го намалува „фриз“ ефектот и ја скротува непослушната коса, оставајќи ја мазна и мека. Ја подобрува еластичноста, ја зајакнува внатрешната структура намалувајќи го кршењето до 95% и ја прави косата до 15 пати посилна уште по првата употреба. Формулата не содржи состојки од животинско потекло.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса. Оставете да делува од 5 до 10 минути, а потоа темелно исплакнете.