Третман за длабинска нега и обнова на оштетената руса коса.
Намена: Третман наменет за сите кои сакаат длабински да ја негуваат, обноват и зајакнат својата оштетена руса коса, без да ја натежнат.
Дејство: BLONDMe Bondfinity Deep Repair третманот ја користи Bondfinity технологијата за да обезбеди длабинска обнова и зајакнување. Тој создава отпорни, долготрајни врски во влакното и го „заклучува“ сопствениот кератин во косата, со што спречува кршење и губење на кератинот за трајна, проактивна обнова, без да ја натежне косата. Ја зајакнува внатрешната структура намалувајќи го кршењето до 95% и ја прави косата 20 пати посилна уште по првата употреба. Помага во спречување на идни оштетувања, ја измазнува косата и остава свиленкасто чувство. Формулата не содржи состојки од животинско потекло.
Начин на употреба: Нанесете на влажна коса, претходно просушена со пешкир. Оставете да делува од 5 до 10 минути, а потоа темелно исплакнете.