Сетот содржи:
- BC Color Freeze Шампон, 250 ml
- BC Color Freeze Спреј регенератор, 200 ml
- BC Color Freeze Маска, 200 ml
- Несесер
Производите од линијата на BC Color Freeze се наменети за обоена коса. Со иновативната pH 4.5 балансирачка технологија, успешно ги замрзнува пигментите со боја во најдлабоките слоеви на косата, така што бојата не бледее, притоа долготрајноста на бојата се зголемува до 90%, односно до 30 измивања.
- BC Color Freeze Шампон, 250 ml
Шампон наменет за обоена коса ја доведува косата до оптимално ниво на pH од 4,5 за совршено да ги задржи пигментите во боја. Ја зголемува долготрајноста на бојата и нејзиниот интензитет. Идеален е за користење после бојадисување, како и секојдневна употреба за домашна нега. Шампонот е создаден без сулфати и има тенденција помалку да пени, но ја има подеднакво истата моќ на чистење како и другите шампони со сулфати.
- BC Color Freeze Спреј Регенератор, 200ml
Специјална формула создадена за бојадисана коса. Ја доведува косата до својата оптимална pH-вредност за успешно да ги заклучи пигментите на бојата во внатрешноста на матрицата на влакното. На овој начин превентивно делува против бледење на бојата, го задржува нејзиниот интензитет и ја зголемува долготрајноста. Воедно, обезбедува заштита од топлина, помага за полесно расчешлување и дава сјаен изглед.
- Bc Color Freeze Маска, 200 ml
Маска наменета за коса која е бојадисана, избелена или премногу третирана. Богатата и високо хранлива емулзија содржи хидролизиран кератин за пополнување на структурните празнини од надворешниот слој на косата до кортексот. Технологијата за балансирање со pH 4,5 ја затегнува структурата на косата и ги заглавува пигментите на боја во најдлабоките слоеви на косата.