Шампон за третман на коса склона кон опаѓање.
Намена: Шампон наменет за третирање на разретчена коса склона кон опаѓање.
Дејство: Ја активира микроциркулацијата на скалпот, го стимулира коренот на влакното и го намалува не патолошкото опаѓање на косата за 6 недели.
Овој шампон нежно ја чисти косата и ја зајакнува за 40%, значително го подобрува здравјето на косата, притоа ја остава сјајна и мека на допир.
Bonacure Root Activating шампон е збогатен е со гуарана која со своите антиоксидантски дејствија помага за двојно стимулирање на фоликулите на влакната и биотин кој го зголемува производството на кератинот кој придонесува за цврстината и здравјето на влакното.
Има балансирачка pH-вредност, и е без сулфати, со веганска формула.
Дерматолошки е одобрен. Погоден за секојдневна употреба.
Начин на употреба: Нанесете од шампонот на мокра коса, масирајте го скалпот 2 минути и темелно исплакнете.