Серум за третман на сув и чувстивителен скалп , склон на иритации.
Намена: Серум наменет за сув и чувствителен скалп кој е склон на иритација.
Дејство: Благодарејќи на своите анти-инфламаторни дејствија, Bonacure Soothing серумот веднаш го смирува и балансира нивото на хидратација на скалпот и заштитува од сушење и иритации.
Супер лесна формула, која овозможува брза апсорпција без да ја масти и натежнува косата.
Збогатена формула со готу кола (Centella asiatica) и кељ.
Растението готу кола традиционално се користи во азиската кујна и има долга историја на употреба во кинеската и ајурведската медицина. Има смирувачки и анти-инфламаторни дејствија кои помагаат за смирување на скалпот и задржување на нивото на хидратација.
Кељот содржи А, Б, Ц, К витамини, антиоксиданти кои помагаат за намалуваље на инфламацијата и Омега 3 и 6 масните киселини кои овозможуваат длабинска нега на скалпот.
Може да се користи за смирување на иритацијата на скалпот после хемиски третман.
Начин на употреба: Се нанесува на чиста коса, просушена со пешкир, рамномерно по целиот скалп со нежна масажа. Не се измива.