Крема за нега и дефинирање на кадрава коса.
Намена: Крема наменета за брзо и лесно дефинирање и измазнување на локните со долготраен ефект, која воедно ќе обезбеди длабока хидратација и еластичност.
Дејство: Со Coily Curl кремата, веќе нема да ви бидат потреби часови и десетици различни уреди и алатки за стилизирање на локните. Оваа бестежинска крема за коса ќе ги дефинира и измазни вашите локни и воедно ќе им обезбеди неверојатен сјај и еластичност. Наменета за секој тип на виткана и брановидна коса, Coily Curl Cream ќе обезбеди висока дефиниција, мазна текстура и длабинска хидратација. Овозможува брзо и лесно обликување и стилизирање и долготрајно го задржува обликот и текстурата на косата, без да ја натежне или измасти.
10 придобивки за косата:
- Не ја масти косата.
- Помага за зголемена еластичност.
- Ги дефинира локните.
- Лесно ја скротува косата.
- Обезбедува доготраен сјај.
- Го задржува обликот и текстурата на косата.
- Хидратира
- Обезбедува совршена текстура.
- Го намалува разлетувањето.
- Ја потхранува косата.
Состав:
- Масло од авокадо
- Кокосово масло
- Шеа путер
- Екстракт од монои
Начин на употреба: Нанесете на коса просушена со пешкир, од коренот па се до врвовите. Формирајте ги локните со помош на прстите. Оставете ја косата да се исуши природно или со помош на дифузер за подефиниран изглед.