Третман за нега на кадрава и брановидна коса.
Намена: Третман наменет за обнова, хидратација и дефинирање на кадрава и брановидна коса.
Дејство: Природно кадравата и брановидна коса е понекогаш деликатна и тешка за справување, и е од исклучително значење да ја добие соодветната нега. Кога косата е соодветно негувана и здрава одвнатре, однадвор изгледа здрава, мека и беспрекорно сјајна. It’s a 10 Miracle Coily Mask го прави токму тоа. Навлегува длабоко во структурата на влакното за длабински да ја регенерира и хидратира оштетена коса. Воедно, го враќа сјајот и еластичноста на косата и помага за полесно расчешлување, а одличен е и при користење кај бојадисаната коса бидејќи ја заштитува бојата од избледување.
10 придобивки за косата:
- Длабока хидратација.
- Ја заштитува косата од понатамошно кинење.
- Го контролира нивото на влага.
- Ја потхранува косата.
- Ја враќа еластичноста на косата.
- Ја скротува непослушната коса.
- Помага за полесно расчешлување.
- Го контролира волуменот.
- Одличен за бојадисана коса.
- Лесна и бестежинска формула.
Состав:
- Масло од авокадо
- Кокосово масло
- Шеа путер
- Екстракт од монои
*Специјалната формула на Coily колекцијата е внимателно создадена од спој на богати витамини кои го потхрануваат и зајакнуваат влакното. Обезбедува балансирана хидратација и помага во обнова и подобрување на здравјето на влакното со секоја следна употреба.
Начин на употреба:Нанесете од скалпот па се до врвовите на чиста коса, претходно измиена со Miracle Coily Hydrating Shampoo . Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете.