Шампон за нега на кадрава и брановидна коса.
Намена: Шампон наменет за нега, обнова, хидратација и дефинирање на кадравата и брановидна коса.
Дејство: Посакувате дефинирани, сјајни и мазни локни веднаш после секое измивање, без притоа да трошите премногу време за стилизирање? Со It’s a 10 Miracle Coily Hydrating Shampoo го добивате токму тоа. Моќната хидратна формула продира длабоко во структурата на влакното за да ја обнови штетата настаната од хемиски третмани и топли уреди за стилизирање. Со секоја нова употреба овој шампон, несомнено ќе обезбеди совршено дефинирани локни, скротена и мазна коса без разлетување, отпорност на влага, поголема цврстина и помалку распукани врвови. Воедно овозможува темелно чистење од остатокот на продукти и масти, па така косата ќе добие ултра зголемена еластичност при движење.
10 придобивки за косата:
- Специјално формулиран за кадрава и брановидна коса.
- Ги дефинира локните.
- Темелно го чисти остатокот од продукти и масти од скалпот и косата.
- Го намалува разлетувањето.
- Ја заштитува косата од понатамошно кинење.
- Хидратна формула.
- Ја подобрува цврстината и отпорноста на косата.
- Обезбедува УВ заштита.
- Создава богата и кремаста пена.
- Безбеден за бојадисана коса.
Состав:
- Масло од авокадо
- Кокосово масло
- Шеа путер
- Екстракт од монои
Начин на употреба: Нанесете на мокра коса и нежно измасирајте го скалпот. Измијте темелно.