Мени
Кошничка
Немате производи во кошничката

Услови за користење

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Фирмата АВЕ Дооел Скопје обезбедува онлајн услуга за купување на производи од брендовите Schwarzkopf Professional и Indola Professional преку сопствената веб продавница на доменот www.hair.mk. Услугата се состои од обезбедување информативни услуги, управување со содржината и изведување на финансиски трансакции.

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите нашата веб продавница.

  1.        ОПШТИ ОДРЕДБИ

Општите правила и услови за користењe  ги пропишуваат правилата и условите за користење на веб продавницата www.hair.mk од страна на крајните корисници. Со самото посетување и користење на веб продавницата, крајните корисници искажуваат согласност со Општите правила и услови за користење, а со тоа и согласност за користење на веб продавницата според истите правила и услови. Правото на користење на веб продавницата е лично право на крајниот корисник и не може на било кој начин да се пренесе на други физички или правни лица, ниту пак било кој корисник е овластен да пријавува други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за заштитата на личните лозинки на места каде тие се појавуваат т.е се бараат. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека понекогаш доаѓа до прекин на услугата или пак се случуваат настани кои се надвор од контрола на фирмата АВЕ Дооел Скопје и прифаќа дека фирмата АВЕ Дооел Скопје не е одговорна за каков било губиток на податоци до кој може да дојде за време на преносот на информацијата преку Интернет. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека пристапот до веб продавницата може да биде прекинат, привремено недостапен или исклучен.

Фирмата АВЕ Дооел Скопје го задржува правото во било кој момент да измени или отстрани било кој сегмент од веб продавницата, вклучувајќи и, без никакви ограничувања, содржината, времето на достапност како и опремата потребна за пристап и користење на страната. Понатаму, фирмата АВЕ Дооел Скопје може да престане со доставата на било кој дел од информациите или пак било каков тип на информации, може да го промени или укине било кој начин за пренос на податоците, а исто така може да ја промени и брзината на пренос на податоците, како и било кои нивни карактеристики.

Со користењето на оваа веб продавница, крајниот корисник потврдува дека е запознаен и согласен со Општите правила и услови за користење. Фирмата АВЕ Дооел Скопје му порачува на крајниот корисник: „Доколку не се согласувате со наведените правила и услови за користење, или доколку имате помалку од 14 години, Ве молиме да не ја користете оваа веб продавница.“

Фирмата АВЕ Дооел Скопје го задржува правото во било кој момент и без претходно известување, доколку смета дека е потребно, да укине или измени било кои од наведените Општи правила и услови за користење преку ажурирање на овој документ. Според тоа, фирмата АВЕ Дооел Скопје ги советува крајните корисници повремено да ги читаат одново информациите содржани во Општите правила и услови за користење, за да бидат информирани за евентуални промени, бидејќи истите за вас како корисници на веб продавницата се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација. Со продолжувањето на користењето на веб продавницата по објавата на новите променети Општи правила и услови за користење се подразбира дека корисникот ги прифаќа измените.

Крајниот корисник е одговорен за набавка и одржување на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го и целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и било која друга опрема потребна за пристап и користење на оваа веб продавница и сите трошоци поврзани со тоа. Фирмата АВЕ Дооел Скопје не е одговорна за било какво оштетување на опремата на крајниот корисник која би можела да настане како последица од користењето на оваа веб продавница.

Фирмата АВЕ Дооел Скопјеја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

  1.        МАТЕРИЈАЛИ КОИ ГИ ПРОСЛЕДУВА КОРИСНИОТ (КОМЕНТАРИ И ДРУГИ СОДРЖИНИ)

Оваа веб продавница е приватна сопственост. Целата меѓусебна комуникација и интеракција која се одржува преку оваа веб продавница мора да биде во согласност со овие Општи правила и услови за користење. Крајните корисници не смеат преку оваа веб продавница да објавуваат или пренесуваат било какви материјали кои ги загрозуваат, или на било каков начин ги кршат правата на другите корисници, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува и загрозува приватноста, кој е вулгарен, непристоен или на друг начин непосакуван во одмерена комуникација, кој поттикнува противзаконски активности или на било кој друг начин прекршува било кој закон и кој, без експлицитно, претходно, писмено одобрување од страна на фирмата АВЕ Дооел Скопје, содржи реклама или понуда на било кои производи или услуги. Крајниот корисник не смее да ја користи оваа веб продавница за огласување или изведување било какви комерцијални или некомерцијални, верски, или политички промоции.

Сите материјали кои се достапни на www.hair.mk се ексклузивно право на фирмата АВЕ Дооел Скопје или се користат со посебно одобрение од сопствениците на авторските права или носителите на правата на трговските марки и/или дизајнот. БИЛО КАКВО КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ, ПОВИКУВАЊЕ ИЛИ МЕНУВАЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНА НА ДРУГ НАЧИН, БЕЗ ЕКСПЛИЦИТНО ПИСМЕНО ОДОБРУВАЊЕ ОД ТИМОТ НА ФИРМАТА Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршувањето на Општите правила и услови за користење може да резултира со покренување на судски постапки и/или кривичен прогон против чинителот поради повреда на авторските права, права на трговски марки или правата на било каква форма на интелектуална сопственост.

Оваа веб продавница содржи материјали кои се заштитени со авторски права, трговски марки, дизајн, како и други информации кои сезаштитени со други права на физички или правни лица, вклучувајќи, но без ограничувања на, текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук како и цела содржина на интернет страната www.hair.mk , а се во согласност со законите на Македонија. Крајниот корисник не смее да менува, објавува, пренесува, соучествува во пренос или продажба, создава деривати, или на било кој начин да искористува било која содржина во целост или делумно. Крајниот корисник може да презема, печати и подготвува материјали кои се заштитени со авторски права само за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално користење на преземениот материјал без експлицитно писмено одобрување од фирмата АВЕ Дооел Скопје и носителот на авторските права.

Крајниот корисник не смее на оваа интернет страна да поставува, објавува или на друг начин да овозможува пристап до било каков материјал кој подлежи на авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост, без експлицитно одобрение од носителот на тие права. Фирмата АВЕ Дооел Скопје нема никаква обврска да го известува крајниот корисник или да му помага во одредувањето дали е некој материјал подлежен на авторски права. Крајниот корисник е единствено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотреба на трговските марки и друга интелектуална сопственост, или било какви проблеми настанати поради објавувањето на такви материјали. Со поставувањето на било каква содржина и материјали на било кој јавно достапен дел од оваа интернет страна, крајниот корисник изјавува дека е носител на правата на тие материјали и експлицитно ѝ дава на фирмата АВЕ Дооел Скопје временски и просторно неограничено, бесплатно, постојано, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на тие содржини и материјали (делумно или во целост). Крајниот корисник, исто така, им дава на другите крајни корисници право на пристап, преглед, подготовка или репродукција на тој материјал за нивна сопствена употреба. Со тоа, крајниот корисник ѝ дава на фирмата АВЕ Дооел Скопје право да менува, копира, објавува и дистрибуира било какви содржини и материјали кои крајниот корисник ќе ги направи достапни на веб продавницата www.hair.mk.

  1.        ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНИТЕ КОИ ЈА КОРИСТАТ ВЕБ ПРОДАВНИЦАТА

Крајниот корисник експлицитно се сложува дека користењето на веб продавницата www.hair.mk е исклучиво одговорност на крајниот корисник, така што фирмата АВЕ Дооел Скопје не гарантира за (I) ПОСЛЕДИЦИТЕ КОИ МОЖЕ ДА НАСТАНАТ СО УПОТРЕБАТА НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНА, ИЛИ (II) ЗА ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА БИЛО КОЈА ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА ИЛИ ПРОИЗВОД ДОСТАПНИ ПРЕКУ ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНА.

Одговорноста на крајниот корисник се однесува на сета штета, или можните повреди настанати како резултат на било каква грешка, превид, прекин, бришење, дефект, задоцнување при работа или пренос, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записи, раскинување на договор, несоодветно однесување, негрижа и невнимателност, или било какво друго делување. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека фирмата АВЕ Дооел Скопје не е одговорна за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на корисникот или трета страна, и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на таквото однесување е во целост преземен од крајниот корисник.

Во никој случај, фирмата АВЕ Дооел Скопје нема да биде одговорна за било каква штета која може да настане како последица на користење, или неможност да се користи оваа интернет страна. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека условите наведени во ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на интернет страната.

Со претходно наведените правила и услови, АВЕ Дооел Скопје, нема да биде одговорна, без оглед на причините или траењето, за било која грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите кои се наоѓаат на оваа интернет страна, како и за било какво задоцнување или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник и за било какви побарувања или загуби на трета странка, вклучувајќи и изгубена добивка.

Фирмата АВЕ Дооел Скопје не е одговорна за било каква содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на оваа интернет страна. Фирмата АВЕ Дооел Скопје го задржува правото за промена, прилагодување, бришење или отстранување на било која содржина која ќе се смета за несоодветна.

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари и приватни пораки, се од јавен, а не приватен карактер, и со тоа претставниците на АВЕ Дооел Скопје може да ја надгледуваат комуникацијата на крајните корисници без нивно знаење и експлицитна дозвола.

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обесштети и нема да ја смета за одговорна фирмата АВЕ Дооел Скопје за сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување, а кои може да настанат со употребата на оваа интернет продавница од страна на крајниот корисник.

Фирмата АВЕ Дооел Скопје може да го раскине работниот однос со било кој свој краен корисник во било кој момент. Фирмата АВЕ Дооел Скопје го задржува правото за укинување на било која лозинка или кориснички профил на крајниот корисник во случај на било какво однесување на крајниот корисник, кое фирмата АВЕ Дооел Скопје, според својата дискрециона проценка, го смета за неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на Општите правила и услови за користење на веб продавницата од страна на крајниот корисник.

  1.        ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

www.hair.mk е регистриран домен на фирмата АВЕ Дооел Скопје.

АВЕ Дооел Скопје

Адреса: Костурски Херои 2Б, 1000 Скопје

Телефон: 026163615

email: info@hair.mk / professional@ave.mk

WEB: www.hair.mk

Шифра на дејност: 46.45  трговија на големо со парфимериски и козметички препарати. Фирмата АВЕ Дооел Скопје е дистрибутер (а не издавач) на содржината обезбедена од трети странки или крајни корисници. Фирмата АВЕ Дооел Скопје не гарантира за точноста, целосноста или корисноста на било која содржина, како ни можноста за нејзина продажба или соодветност за било каква намена.

Фирмата АВЕ Дооел Скопје не е одговорна за точноста и сигурноста на било какво мислење, совет или изјава објавени на интернет страната www.hair.mk, од страна на лице кое не е овластено лице на фирмата АВЕ Дооел Скопје. Под ниеден услов, фирмата АВЕ Дооел Скопје нема да биде одговорна за било каква загуба или штета настаната од толкувањето и употребата на информациите кои крајниот корисник ги добил преку интернет страната www.hair.mk. Крајниот корисник презема целосна одговорност за процената на точноста, целосноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или друга содржина, кои се достапни на интернет страната www.hair.mk.

Седиштето на фирмата АВЕ Дооел Скопје е во Скопје, Македонија. Правните спорови кои може да настанат како последица од користењето на оваа интернет страна (освен ако со посебен договор не е поинаку наведено) се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со законите на Македонија. Со користењето на оваа интернет страна, крајниот корисник прифаќа дека било кој спор или барање, кои произлегле од овие Општи правила и услови, или пак е во врска со нив, или со нивното спроведување, е во надлежност на судот во Скопје.

  1.        ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на трети страни се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на третите страни кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1.        КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦАТА

ВОДИЧ НИЗ ПРОЦЕСОТ НА КУПУВАЊЕ

Со пристигнувањето на нашата веб страна, веќе се наоѓате на вистинското место. Во мир можете да го прегледате целиот наш асортиман и да одлучите кои производи се соодветни баш за вас.

За почеток, можете да купувате од нашата веб продавница сеедно дали сте регистриран корисник или не. Доколку се одлучите да се регистрирате како корисник на нашата веб продавница, имате можност за регистрација како физичко лице или како правно лице. Доколку се регистрирате како физичко лице (или воопшто не сте регистрирани), комплетниот асортиман нема да ви биде достапен. Сите правни лица кои се регистрираат чекаат одобрување кое може да трае и до 48 часа. По регистрирањето, можете да продолжите со процесот на купување.

        I.            РЕГИСТРАЦИЈА - КРЕИРАЊЕ НАЛОГ

Постапката за регистрација е едноставна, но се разликува во однос на тоа дали сте физичко или правно лице.

Кликнете на полето „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“во горниот десен агол на почетната страница, по што ќе ви се отвори формулар во кој ќе ги внесете сите ваши податоци, вклучувајќи ја и вашата e-mail адреса, која воедно ќе биде и вашето корисничко име понатаму. Внимателно изберете ја лозинката за да не ја заборавите или да се злоупотреби. Колку повеќе информации наведете при регистрацијата, поквалитетна ќе биде понатамошната поддршка. Сите податоци наведени од ваша страна се строго чувани во согласност со Изјавата за заштита на податоци, наведена на нашата веб страна.

Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне писмено известување и линк кој е потребно да го кликнете за да се активира вашиот кориснички профил, со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Доколку се регистрирате како физичко лице, дел од производите од нашиот асортиман нема да ви бидат достапни за купување (како на пример перманентните бои за коса, развивачите, големите салонски пакувања од шампоните итн.) бидејќи истите се наменети исклучиво за професионална употреба во фризерските салони.

При регистрирањето како правно лице, потребни се дополнителни податоци како што се име на фирмата/правното лице, единствен даночен број, адреса, број на телефон, e-mail адреса итн. Процесот на одобрување на регистрацијата на правните лица трае најмногу 48 часа.

По регистрацијата, секогаш ќе можете брзо и сигурно да се најавите на нашата веб продавница без дополнителни чекори.

*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот кориснички профил.

      II.            ИЗБОР НА ПРОИЗВОДИ

На почетната страна се наоѓа мени каде може да го изберете брендот и категоријата на производи за кои сте заинтересирани. По изборот, на Ваша лева страна се појавува листа на категории,  подкатегории и брендови преку кои можете полесно да навигирате до посакуваните производи. Дополнително, за скратување на пребарувањето, можете да ги искористите и понудените филтри кои се доста корисни.

Кога ќе наидете на производ за кој би сакале да дознаете повеќе, кликнете на него. Откако ќе ви се отвори нов прозорец, ќе имате прилика да го прочитате описот на самиот производ односно, неговата намена, дејство и начин на употреба. Доколку сакате да го купите тој производ, кликнете на опцијата „Додади во кошничка“ и производот ќе биде додаден во потрошувачката кошничка. Доколку се предомислите, имате можност за промена на производот или откажување на процесот на купување. Доколку производот го има во повеќе варијанти, како што е случајот со боите за коса, изберете една варијанта и додајте ја во кошничката, а потоа продолжете со изборот на други варијанти доколку ви се потребни.

    III.            СОДРЖИНА НА КОШНИЧКАТА

По додавањето на посакуваниот производ во потрошувачката кошничка, имате можност да ја одредите количината на посакуваниот производ, да продолжите со купувањето или да преминете на плаќање.

Во секој момент можете да го проверите статусот на потрошувачката кошничка. Со клик на полето „КОШНИЧКА“, во горниот десен дел од веб страната, се отвора страна на која се прикажани сите производи кои се додадени во кошничката.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат

    IV.            НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ОД КОШНИЧКАТА

Откако ќе одлучите дека сте готови со додавањето на производи, се враќате назад во потрошувачката кошничка, односно кликнете го полето „КОШНИЧКА“ во горниот десен агол, а потоа кликнете „КОН КОШНИЧКА“. За да можете да продолжите со нарачката, потребно е да го селектирате делот за согласност со условите на услугата односно Општите правила и услови за користење и да кликнете „ПОТВРДИ НАРАЧКА“. Доколку во меѓувреме сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето "ПРОДОЛЖЕТЕ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на полето „КОШНИЧКА“.   За да можете да продолжите со плаќањето од вас ќе биде побарано да се регистрирате или да се логирате на својот кориснички профил доколку го немате направено тоа. Исто така, доколку немате кориснички профил, имате опција да продолжите со нарачката без да се логирате или креирате профил со клик на копчето „ПРОДОЛЖИ СО НАРАЧКА“. Во следниот чекор ја одбирате адресата за наплата и ако сакате на истата адреса да биде доставена нарачката го селектирате полето „Испратете на истата адреса“. Ако не е селектирано ова поле по одбирањето на адресата за наплата одбирате адреса за достава со клик на копчето „ИСПРАТЕТЕ НА ОВАА АДРЕСА“ или внесувате нова адреса за достава со клик на копчето „ДОДАДЕТЕ НОВА АДРЕСА“. Во следниот чекор го избирате методот на испорака, „Лично преземање“ ако ја преземате нарачката од нашата продавница или „Испорака до врата“ ако сакате нарачката да ви биде доставена на адресата за достава. Во следниот чекор го избирате начинот на плаќање со селектирање на полето „Плаќање при достава“ ако плаќате при преземање на пратката или „Платежна картичка“ ако плаќате со картичка на нашата страница. На крај ги проверувате сите податоци и ако е сè во ред кликнувате на копчето „ПОТВРДИ“за да ја потврдите нарачката и истата да биде процесирана од наша страна.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 2000 денари, доставата е на трошок на купувачот е во износ од 150 денари, во или надвор од Скопје.

      V.            МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

За да купите производи преку оваа веб страна, достапни се два начини на плаќање - со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.

Сите цени кои што се објавени на оваа веб страна се прикажани со вклучено ДДВ.

При купувањето на производи од нашата веб продавница ги прифаќаме следните начини на плаќање:

  • Во готово, при преземање на нарачката од службите за достава.
  • Во готово, при преземање на нарачката од нашата продавница
  • Платежни картички (партнери: Maestro, Visa, Mastercard). За сите нарачки.

Доколку сте правно лице, со нарачката ќе ви биде доставена и фактура.

Плаќање со платежна картичка

При плаќање со платежна картичка, истата  мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, доколку изберете плаќање со платежна картичка, ќе бидeте пренасочени до страница на системот за процесирање на плаќањето, кој е сигурен и заштитен за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

  • Број на платежната картичка
  • Име и презиме на носителот на картичката
  • Датумот на важност на картичката
  • CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и системот за процесирање на Халк Банка, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

По плаќањето со платежна картичка ќе добиете потврден е-mail на наведената адреса при регистрацијата дека вашата нарачка е во процес на одобрување. Во рок од 48 часа ќе ви пристигне потврда за нарачката со која се потврдува дека плаќањето е извршено. Доколку од оправдани причини ги немаме на залиха сите или некои од производите кои сте ги нарачале ќе добиете известување за тоа на наведената е-mail адреса и соодветниот износ нема да се одземе од вашата картичка.

*Напомена: Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани на картичката со која сте го извршиле купувањето во рок од 14 денови.

    VI.            ДОСТАВА

Начини на достава односно можности за преземање на нарачката:

  • Лично преземање на нарачката од нашата продавница
  • Достава преку служба за достава до 50 кг (за нарачки под 2000 ден. доставата изнесува 150 денари, додека за нарачки над 2000 ден. доставата е бесплатна)

Рокот на достава е од 2 до 5 работни дена.

Службата за достава ја доставува пратката на адресата за достава во период од 09:00 до 17:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е доставувачот да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на вашиот кориснички профил со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку доставувачот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Доставата се врши до влезот на станбениот објект на наведената адреса. Доколку се работи за станбена зграда, доставувачот не е должен да ја достави нарачката до катот на кој се наоѓа купувачот, туку до влезот на зградата. Доставата се врши преку службата за достава Еко Логистик.

*Други услови за достава

Нарачките се спакувани во пакет, на начин на кој при доставата не може да се оштетат. Купувачот е должен при преземањето на пакетот да изврши проверка за евентуално оштетување и веднаш да ги рекламира производите на доставувачот, односно да го одбие преземањето на пакетот на кој е видливо надворешно оштетување.

Пакетот е осигурен од губење при достава. Купувачот е должен при преземањето на пакетот да потпише испратница која службата за достава ја зема како потврда за преземање на пакетот.

   VII.            РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан преку нашата веб продавница и е доставен од страна на службата за достава, потребно е да се провери веднаш по преземањето на пратката. Доколку производот има видливи оштетувања или нагмечување, корисникот веднаш треба да пријави на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk.

При пријавувањето, потрошувачот треба да го пополни формуларот за рекламации и да наведе:

  1. Бројот на нарачката, сметката или своето корисничко име за да можеме да ја провериме нарачката
  2. Шифра на производот што се рекламира
  3. Опис на проблемот и слика од производот што се рекламира

Рекламација без потребните информации наведени погоре се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој е оштетен треба да се направи најдоцна до 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување, со декларација, кутија и фактура и истиот не треба да биде отворен и употребуван.

Доколку пак производот, односно пратката е оштетена при транспортот и таквите оштетувања се видливи при преземањето на пратката, во тој случај ве молиме да не ја преземате. Ве молиме да нѐ контактирате на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. за да можеме во најкраток можен рок да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.

Рекламациите се прават исклучиво преку каналите кои се наведени во овој правилник, односно на нашиот контакт телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. Корисникот не може да изврши самоиницијативна, физичка рекламација на производи кои се купени од нашата веб продавница во нашиот малопродажен објект, без претходна комуникација и договор со вработените во АВЕ Дооел Скопје преку контакт каналите наведени погоре во текстот.

Поврат на средства за купен и користен производ не е возможен.

*Напомена:

Барањата  за замена на производи или рекламација се разгледуваат исклучиво во текот на работна недела, понеделник до петок од 09:00 – 17:00 часот. Барањето може да го примиме надвор од наведениот временски период, но не можеме да одговориме на истото. Барањето, заедно со производот можете да го пратите по пошта или служба за достава или пак лично да го донесете на нашата адреса.

Нагласуваме дека, за секој купен производ од нашата веб продавница, имате право на рекламација, но под услови одредени со нашиот правилник за рекламации. Ги замолуваме нашите потрошувачи да се придружуваат кон правилникот кој го изработивме специјално за таа прилика.

Цената на производите може да биде различна на различни продажни места и исто така цената на производите во оваа веб продавница може да се разликува од малопродажната цена на истите производи во други веб продавници во земјата или странство, сеедно дали е пониска или повисока. Го задржуваме правото за промена на цената на производите без претходна најава.

Доколку пратката е оштетена при транспортот, таквите оштетувања се видливи при преземањето на пратката и во тој случај ве молиме да не ја преземате. Ве молиме да нѐ контактирате за да можеме во најкраток можен рок да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.

Рекламациите може да се пријават преку телефон 026163615 или преку електронска пошта info@hair.mk и/или professional@ave.mk. При пријавувањето, потрошувачот треба да го наведе бројот на нарачката, сметката или своето корисничко име за да можеме да ја провериме нарачката.

Доколку во било кој случај не сте задоволни со работата на нашиот оддел за односи со потрошувачи, ве молиме известете нѐ писмено преку professional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

VIII.            ПРАВО НА ПОВРАТ

Правото на поврат, односно правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Изјава за повлекување од договор, достапна на следниот линк или пак со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го формуларот или вашето известување по електронска пошта на info@hair.mk и/или professional@ave.mk или обратете ни се телефонски на 026163615. Со поднесувањето на изјавата за повлекување од договор, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработени од наша страна, вклучувајќи и, доколку е потребно, број на трансакциска сметка, кој е неопходен за постапување според вашата изјава за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации за обработката на личните податоци можете да најдете во делот Политика за приватност на податоците.

Во случај на повлекување/замена на производот, трошокот за враќање/достава на нов производ е 150 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок се прави доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.

Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, АВЕ Дооел Скопје има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, Maestro, Mastercard, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Доколку пак, производот е платен во готово при испорака, повратот на средства се врши на трансакциската сметка на купувачот. Процедурата за поврат на средства може да трае и до 14 дена.

Нагласуваме дека, за секој купен производ од нашата веб продавница, имате право на поврат, но под услови одредени со нашиот правилник за поврат. Ги замолуваме нашите потрошувачи да се придружуваат кон правилникот кој го изработивме специјално за таа прилика.

     IX.            ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ

Вашите прашања и предлози се добредојдени. Доколку имате било какво прашање или било каков конструктивен предлог, би ни било задоволство доколку ги споделите со нас. Сите ваши прашања и предлози ги очекуваме на нашиот е-mail: professional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

       X.            ПОФАЛБИ И ПОПЛАКИ

Особено внимание посветуваме на вашите пофалби и поплаки бидејќи тие се составен дел од нашето работење и со нивна помош можеме да го подобриме нашето работење.

Ве молиме да не се воздржувате од пофалби доколку тоа го заслужуваме или да ни испратите поплака доколку не сте задоволни од нашето работење или од нашите производи, а ние ќе ги разгледаме и решиме вашите поплаки во најкраток можен рок. Секоја ваша реакција ќе биде третирана доверливо и со дискреција. Уште еднаш, безрезервно ја прифаќаме секоја ваша пофалба или поплака. Е-mail за пријава на пофалби и поплаки: professional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

     XI.            ПОМОШ ИЛИ ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМ

Доколку ви е потребна било каква помош околу процесот на купување или совет, ве молиме веднаш контактирајте нѐ, а некој од нашите советници ќе ви одговори во најкраток можен рок. Број на телефон за помош: 026163615 секој ден од 09:00 – 17:00 часот или електронска поштаprofessional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

Исто така, доколку пронајдете било каков проблем од техничка или административна природа на самата веб продавница, ве молиме веднаш контактирајте нѐ, а ние ќе пробаме да го решиме проблемот во најкраток можен рок. Е-mail за пријава на проблеми:professional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

   XII.            ОРИГИНАЛЕН КВАЛИТЕТ

Сите производи од нашата понуда се пример за оригинален квалитет. Во случај на било какви дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ прекуprofessional@ave.mk  и/или info@hair.mk.

  1.        ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на корисникот кој ја прави нарачката, адреса на живеење, електронска адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме корисниците за моменталниот статус на нарачката. За повеќе информации можете да ја прочитате нашата Политика за приватност на податоци, како и Политика за колачиња.

Фирмата АВЕ Дооел Скопје се обврзува дека ќе ја чува приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга. За повеќе информации можете да ја прочитате Изјавата за заштита на личните податоци.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата која служи за достава на нашиот билтен.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените одговорни за обработка на податоците, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Истите вработени во фирмата АВЕ Дооел Скопје се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот систем за процесирање на банката со која соработуваме, Халк банка, која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.hair.mk не е наменета за лица под 14 години. АВЕ Дооел Скопје нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.hair.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања по електронска пошта, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на електронската адреса дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата „update your preferences“ (за измена) и „unsubscribe from this list“ (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

  • Податоците кои се дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура;
  • Податоците кои се дадени во врска со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;
  • Податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци односно кориснички профил;

  1.        ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

 

  1.        СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.