Регенератор за луксузна нега на сите типови на коса.
Намена: Овој регенератор за секојдневна употреба е внимателно формулиран со протеин од свила е наменет за длабинска нега, обнова и хидратација на сите типови на коса.
Дејство: Уникатната формула кој обезбедува луксузна нега и бестежинска форма и облик на косата, го прави овој регенератор совршен избор за секојдневна употреба. Протеинот од свила обезбедува високи и моќни перформанси и успешно ја зацврстува структурата на влакното, ја обновува и хидрира и лесно ја скротува косата. Кога се употребува секојдневно, EXPRESS MIRACLE SILK DAILY регенераторот, несомнено ја остава косата беспрекорно сјајна, свиленкасто мазна и еластична. Воедно, помага за лесно расплетување и расчешлување на косата, ја заштитува од кинење и топлина.
Состав:
- Хидролизирана свила
- Екстракт од сончогледово семе
- Екстракт од лист од бела црница
- Линалол
- Палмино масло
- Хидролизиран колаген
- Масло од семе од црвена малина
Начин на употреба:
За секојдневна употреба, нанесете рамномерно низ целата косата, почекајте 2 до 5 минути и измијте темелно.
За интензивна нега, нанесете поголема количина од регенераторот во големина од половина дланка и нанесете рамномерно низ целата коса. Расчешлајте ја косата и завиткајте ја косата во пешкир претходно навлажнет со топла вода. Оставете да делува 3 до 5 минути и исплакнете темелно.