Третман за интензивна нега и длабока хидратација на оштетена и хемиски третирана коса.
Намена: Овој третман е наменет за обнова и длабока хидратација на оштетена и хемиски третирана коса за сите типови на коса, внимателно формулирана со протеин од свила, косата ќе стане цврста, здрава и сјајна.
Дејство: Вратете го здравјето и виталноста на косата со третманот за длабинска нега Express Miracle Silk Hair. Овој третман е создаден да ѝ обезбеди беспрекорен сјај и еластичност на секој тип на коса. Сеедно дали вашата коса е оштетена од уреди за стилизирање или хемиски третмани, овој третман обезбедува долготрајни резултати за само 5 минути. Уникатната формула навлегува длабоко во структурата на влакното и го надоместува загубениот протеин при хемиски третмани и оштетувања. Косата станува поздрава, поцврста и неверојатно сјајна и мазна веднаш после првото нанесување.
Состав:
- Хидролизирана свила
- Екстракт од сончогледово семе
- Екстракт од лист од бела црница
- Екстракт од Тонка грав
- Линалол
- Пантенол
Начин на употреба: После нанесување на шампонот, аплицирајте го третманот рамномерно од скалпот до врвовите. Почекајте 5 до 10 минути и измијте темелено.