Масло за нега на тенка до нормална коса.
Намена: Масло за нега на коса, базирано врз комплекс од 5 природни масла, наменето за тенка до нормална коса.
Дејство: Fibre Clinix Bondfinity Light Oil, продира длабоко во структурата на влакното, длабински го негува, спречува понатамошно кинење на врвовите и оштетување на косата и придонесува за долготрајно ревитализирање на косата во целост. Ова масло притоа, обезбедува длабока хидратација на косата, извонреден сјај и заштита од топлина до 230°C.
- Обезбедува мазност и сјај со својата лесна, но исклучително моќна формула, до 5x повеќе нега на тенкото влакно.
- Содржи комплекс од 5 природни масла за нега.
- Обезбедува моментална хидратација и до 99% поголем сјај за тенка до средно густа коса.
- Ја подобрува управливоста на косата и го олеснува расчешлувањето.
- Го спречува пукањето на врвовите и го намалува кршење на косата до 93%.
- Штити од топлина до 230°C.
Начин на користење:
- Како третман пред миење на косата: Нанесете на влажна коса за дополнителна нега и добро исплакнете пред шампонирање.
- Како засилувач: Измешајте 2-6 потисоци со 25 g од посакуваниот Fibre Clinix Bondfinity третман. Нанесете на влажна коса, оставете до 10 минути и темелно исплакнете.
- За стилизирање: Нанесете на влажна коса за заштита од топлина до 230°C и подобрена управливост.
- Како завршно масло: Нанесете по средната должина и врвовите на сува коса и стилизирајте по желба.