Масло за нега на тенка до нормална коса.
Намена: Масло за нега на коса, базирано врз комплекс од 5 природни масла, наменето за тенка до нормална коса.
Дејство: FC Bonding Light Oil со новата мултифункционална Bonding технологија, продира длабоко во структурата на влакното, длабински го негува, спречува понатамошно кинење на врвовите и оштетување на косата и придонесува за долготрајно ревитализирање на косата во целост. Ова масло притоа, обезбедува длабока хидратација на косата, извонреден сјај и заштита од топлина до 230°C. Помага за полесно расчешлување и расплетување на косата.
Начин на употреба:
- Пред измивање на косата, нанесете го маслото на влажна коса како би се затвориле кутикулите на влакната. Оставете го 5 минути да делува, потоа темелно исплакнете.
- Нанесете на влажна коса пред фенирање за заштита од топлина, полесно расплетување и расчешлување, како и задржување на вибрантноста на бојата на косата.
- Нанесете го на сува коса како завршно масло по должината и врвовите и стилизирајте по желба.
Состав на масла
Масло од крамбе: Богато со 3-6-9 омега масни киселини ја зголемува отпорноста на косата при изложување на топлински апарати за стилизирање. Ја одржува цврстината на кортексот на влакното и овозможува брза апсорпција.
Бадемово масло: Богато со антиоксиданти, масни киселини и витаминот Е, ова масло придонесува за интензивна хидратација и создава мазна површина на влакното, правејќи ги врвовите помалку подложни на распукување и кршење.
Масло од арган: Ја зајакнува внатрешната и надворешната структура на влакното, ја заштитува косата при хемиски третмани и помага за задржување на бојата на избелената коса. Го враќа сјајот на косата.
Масло од баобаб: Маслото од баобаб е природна алтернатива на силиконите. Ја подобрува еластичноста на косата и овозможува интензивна хидратација.
Масло од камилица: Ова масло содржи повеќе масни киселини дури и од маслиновото масло. Го одржува здравјето на скалпот. Ја негува, хидратизира и дава извонреден сјај на косата.