Сет кој ќе ви обезбеди одлично финиширање на секој стајлинг со неверојатен сјај и зацврстување. Серумот за омекнување и сјај на косата беспрекорно ќе се надополни со лакот за зацврстување за професионален изглед на косата како од фризерски салон.
Сетот содржи:
- INDOLA Smooth Серум 200 ml
Серум кој ја омекнува, измазнува косата и ѝ дава сјај со благо зајакнување, содржи кокосово масло. Исто така идеален е за кадрава коса.
Лесната формула ѝ обезбедува прекрасен сјај на косата. Ја контролира кадравата, заплетканата и статичната коса. За сјајна, мазна коса со здрав изглед. Веганска формула.
- INDOLA Strong Лак за коса 500 ml –
Лак за коса со долготрајно задржување, облик и сјај со силно зацврстување. Поддржува долготрајна форма и лесно може да се чешла без непотребни остатоци. Веганска формула
Начин на употреба: Нанесете мала количина од Smooth серумот на сува коса, или коса просушена со пешкир за да обезбедите сјајна и мазна коса. Доколку имате кадрици, одлично ќе ги обликува. Избегнувајте го коренот. Стилизирајте ја по желба.
Како завршеток напрскајте од лакот за коса, за да обезбедите дополнителен сјај на косата и долготрајно задржување на формата на стајлингот.