Обезбедете хидратација на сувото влакно и воедно заштитете ја косата од топлински уреди при стилизирање. Шампонот со Pixel технологија и јојоба дополнително ќе ја исчисти темелно сувата коса и ќе и обезбеди хидратација, додека Thermal Protector спрејот за коса ќе помогне да се заштити косата при употреба на уреди за стилизирање на коса до 230°C, а воедно ќе обезбеди средно зацврстување.
Одлична комбинација за да имате еластична и хидрирана коса со заштита од топлина.
Сетот се состои од:
- INDOLA Hydrate Шампон 300 ml
Намена: Шампонот за хидратација содржи Pixel технологија, масло од јојоба, хидролизиран кератин и пантенол. Наменет е за нормална и сува коса.
Дејство: Шампонот ја чисти косата, додека го подобрува нивото на влажност на здравата сувата коса. Го подобрува изгледот и виталноста. За природно совршенство на косата и брилијантен сјај.
Начин на употреба: Нанесете на мокра коса, потоа темелно исплакнете. За секојдневна употреба.
- INDOLA Thermal Protector Спреј 300 ml
Помага да се заштити косата при употреба на уреди за стилизирање на коса до 230°C, со средно зацврстување
Намена: Thermal Protector Спреј кој содржи хидролизирани пченични протеини и аминокиселини, добиени од растенија. Наменет за сите типови на коса.
Дејство: Новата формула на Thermal Protector овозможува полесно пеглање и стилизирање на косата. Понатаму, се зголемува еластичноста и сјајот на косата. Не ја ослабува вашата коса! Ова е задолжителен производ кога создавате прекрасен изглед со помош на уреди за стилизирање.
Начин на употреба: Темелно испрскајте дел по дел низ коса просушена со пешкир. Исушете ја косата со фен со соодветна четка. Пред да ја користите топлата алатка, повторно нанесете го спрејот на сува коса.