It’s a 10 Miracle Blow Dry H20 Shield – мини пакување од 60 ml, идеално за патување и секогаш при рака за совршен стајлинг.
Намена: Спреј кој не се измива, наменет за стилизирање и долготрајно задржување на формата на косата. Формира заштитна обвивка околу влакното и ја штити косата од влага и топлина.
Дејство: Само неколку прскања пред сушење или стилизирање се доволни за измазнување и скротување на косата, намалување на влијанието на влагата и задржување на изгледот на свежо-исфенирана коса, без разлика на временските услови. Формулата помага во заштита од оштетување и избледување на бојата, ја зајакнува косата и обезбедува блескав сјај без да ја натежне или измрси. Погоден е за права коса, кадрици и бранови, а со топлина лесно се реактивира за освежување на стајлингот и следниот ден.
Состав: Polysilicon-29, Пантенол, екстракт од сончогледово семе, екстракт од Алое Вера, Линалол.
10 придобивки за косата:
- Ја заштитува косата од влага
- Се реактивира со топлина
- Ја измазнува и скротува косата
- Обезбедува блескав сјај
- Има лесна формула
- Го олеснува расплетувањето и расчешлувањето
- Помага во задржување на стајлингот
- Обезбедува термална заштита
- Ја зацврстува косата
- Ја потхранува косата
Начин на употреба: Нанесете на чиста и влажна коса и рамномерно распределете со четка. Користете средна до умерена топлина со фен или друг уред за стилизирање за максимална активација на водоотпорното дејство. Доколку косата повторно се навлажни, производот повторно се активира со топлина без потреба од повторно нанесување.