Гел-масло за стилизирање, контрола и дефинирање на секој тип коса.
Намена: Гел-масло наменето за стилизирање и дефинирање на секој тип на коса. Обезбедува висока дефиниција и контрола за сјаен и мазен завршен изглед.
Дејство: Лесната формула на It’s a 10 Miracle Coily Gelled Oil со моќните и природни состојки го дефинираат секој еден прамен од косата со мазен и сјаен финиш. Го измазнува влакното, а воедно ја заклучува влагата внатре во неговата структура за да ја зголеми целокупната цврстина и здравје на косата. Без разлика дали имате природни локни или пак имате права, но префериран стајлинг ви е раскошно кадрава коса со It’s a 10 Miracle Coily гелот несомнено ќе обезбедите висока контрола, цврстина и сјај на целата коса.
- Бестежинска дефиниција на кадриците
- Зголемен сјај
- Меки но дефинирани локни
- Ги обновува распуканите врвови
- Ја скротува косата и измазнува влакното
- Ја зацврстува структурата на влакното
- Одличен за стајлинг на плетенки
- Го смирува скалпот
- Средна контрола
- Лесна формула
Состав:
- Масло од авокадо
- Кокосово масло
- Шеа путер
- Екстракт од монои
Начин на употреба: Нанесете рамномерно на чиста коса просушена со пешкир. Оставете ја косата да се исуши природно или со помош на дифузер за подефиниран изглед.