It’s a 10 Miracle Leave In for Blondes – мини пакување од 60 ml, идеално за патување и за секојдневна нега на руса коса.
Намена: Спреј регенератор кој не се измива, специјално наменет за руса коса. Ги неутрализира жолтите тонови, ја враќа вибрантноста на бојата и обезбедува интензивна нега.
Дејство: Виолетовата формула ги неутрализира несаканите жолти тонови и помага русата коса повторно да изгледа сјајна, мазна, еластична и полна со живот. Ја хидрира и потхранува косата, ја скротува непослушната коса и овозможува полесно и безболно расчешлување. Дополнително, ја штити косата од топлина и штетните УВ зраци, помага во подобрување на структурата на влакното и го измазнува влакното.
Состав: Екстракт од кинески чај, Акаи Бери, екстракт од сончогледово семе, ленено семе, Линалол, лимонов сок, масло од Цитронела.
10 придобивки за косата:
- Ги неутрализира жолтите тонови.
- Ја заштитува косата од топлина.
- Го олеснува расчешлувањето.
- Ја потхранува косата.
- Специјално дизајниран за руса коса.
- Помага во намалување на разлетувањето.
- Ја заштитува од штетните УВ зраци.
- Го надоместува недостатокот од протеин во влакното.
- Ја подобрува природната структура на влакното.
- Ја измазнува кутикулата на влакното.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината до врвовите на мокра, со пешкир просушена коса. Расчешлајте и стилизирајте по желба. Производот не се измива.