It’s a 10 Miracle Leave-in Plus KERATIN – мини пакување од 60 ml, идеално за патување и за интензивна нега на екстремно оштетена, сува и кршлива коса.
Намена: Кератински спреј регенератор кој не се измива, наменет за обнова и интензивна нега на оштетената коса. Навлегува длабоко во структурата на влакното и помага во надоместување на недостатокот од протеини.
Дејство: Лесната и ефикасна формула ја регенерира сувата и оштетена коса, обезбедува хидратација и ја штити од топлина, УВ зраци и слободни радикали. Помага во надоместување на изгубените протеини, ја скротува непослушната коса и ја измазнува кутикулата, оставајќи ја косата сјајна, мазна и поздрава.
Состав: Пантенол, екстракт од сончогледово семе, екстракт од зелен чај, протеин од свила – Серицин, Витамин Ц.
10 придобивки за косата:
- Помага во спречување на губењето на кератин во влакното.
- Ја заштитува косата од топлина.
- Го олеснува расплетувањето и расчешлувањето.
- Помага за полесно исправување на косата.
- Помага во надоместување на изгубениот протеин.
- Ја скротува непослушната коса.
- Ја заштитува од штетните УВ зраци.
- Го враќа сјајот на косата.
- Ја подобрува природната структура на влакното.
- Помага во заштита од идни оштетувања.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината до врвовите на мокра, со пешкир просушена коса. Расчешлајте и стилизирајте по желба. Производот не се измива.