За гламурозен сјај и интензивна нега.
Намена: Овој спреј регенератор погоден за сите типови на коса, обезбедува длабинска нега, го спречува разлетувањето и дава неверојатен сјај.
Дејство: Кога косата е заштитена и негувана, резултатот е беспрекорно мазна и сјајна коса-Со MIRACLE BLOW DRY GLOSSING LEAVE-IN го добивате токму тоа. Уникатната формула на овој спреј регенератор ефикасно ја хидрира косата, ја зацврстува одвнатре косата и ги затвора врвовите на влакната. Воедно, обезбедува неверојатен сјај, еластичност, ја заштитува од топлина, штетните УВ зраци, кинење на врвовите без да ја натежне и измасти. Кога се употребува секојдневно, косата станува поцврста, поздрава и посјајна како никогаш досега!
Состав:
- Пантенол
- Екстракт од сончогледово семе
- Арганово масло
- Екстракт од алое вера
- Екстракт од чај Роибос
- Линалол
- Свилени аминокиселини
10 придобивки за косата во едно шишенце:
- Обезбедува гламурозен сјај.
- Ја заштитува косата од топлина
- Безболно ја расплетува и расчешлува косата.
- Длабински ја негува.
- Го надоместува изгубениот протеин во влакното.
- Ја скротува непослушната коса.
- Ја заштитува косата од штетните УВ зрачења.
- Го спречува разлетувањето на косата.
- Ја подобрува природната структура на влакното.
- Спречува од идно кинење на врвовите.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината па се до врвовите на чиста и мокра коса просушена со пешкир. Расчешлајте ја косата и стилизирајте ја по желба. Продуктот не се измива.