Серум за ребалансирање на скалпот.
Намена: Серум кој е наменет за ребалансирање и третман на проблематичниот скалп.
Дејство: Лесно е да воочите кога вашиот скалп е надвор од рамнотежа. Чешање, иритација, сушење и првут, се само дел од симптомите кои може да се појават, а воедно и вашата коса почнува да го губи сјајот и да изгледа безживотно. Ова се појавува како последица на наталожена маснотија на скалпот која ги задржува штетните бактериите, предизвикува групирање на мртвите клетки на скалпот кои потоа формираат лушпи (снегулки првут), а сето тоа резултира со инфламација на скалпот. It’s a 10 Scalp Restore Miracle Serum со своите природни и моќни состојки помага во ребалансирање на масниот скалп и намалувања на сите иритации и состојби на првут, сушење и чешање. Овој третман кој воедно дава и длабинско чувство на ладење е безбеден за секојдневна употреба и е доволно моќен да обезбеди долготраен третман на сите состојби поврзани со проблематичниот скалп.
10 придобивки за косата:
- Помага во ребалансирање на скалпот.
- Ја смирува иритацијата на скалпот
- Го намалува чешањето и лупењето на скалпот.
- Обезбедува длабока хидратација.
- Гo намалува мастењето на скалпот.
- Го зајакнува влакното.
- Ја потхранува косата и скалпот.
- Обезбедува сјај Обезбедува чувство на ладење.
- Одличен за бојадисана коса.
Начин на употреба: Нанесете рамномерно по скалпот и целата должина на косата. Оставете да делува 3 до 5 минути. Измијте темелно.