Кератинско масло за нега и регенерирање на оштетената коса.
Намена: Масло за коса со кератинска формула, наменето за длабока нега и обнова на косата.
Дејство: Со само неколку капки ќе ја скротите непослушната коса, ќе ја заштитите од топлина, а косата ќе биде здрава и сјајна како никогаш досега. Ова масло воедно, нема да ја натежне и измасти косата, додека кератинот во него во комбинација со останатите природни нутриенти ќе ја врати еластичноста и сјајот на секоја сува и оштетена коса.
Начин на употреба:
Може да се нанесе на повеќе начини:
- На чиста коса просушена со пешкир
- На природно исушена
- На коса исушена со фен.
Се напрскуваат неколку потисоци на дланките и се нанесува рамномерно низ целата должина. Стилизирајте по желба. Продуктот не се измива.