Моќна маска со најголема концентрација на 100% природни, прочистени масла од арган и индиска смоква.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Моќна маска со најголема концентрација на 100% природни, прочистени масла од арган и индиска смоква. Наменета за интензивна нега и обнова, како и распетлување на нормална до густа и крута коса.
Дејство: Луксузната формула длабински ја обновува, потхранува и распетлува косата без да ја натежне, при што ѝ овозможува извонреден сјај и мекост. Маслото од арган е богато со антиоксиданси и хранливи состојки кои делуваат против слободните радикали, ја зајакнуваат и обезбедуваат свиленкаст изглед на косата, додека маслото од индиска смоква, издвоено од семињата на плодот на посебен вид на кактус, обезбедува интензивна хидратација дури и на најсувата коса, со што се враќа виталноста и еластичноста на косата. Прекрасната комбинација од прочистени масла од арган и индиска смоква обезбедува прекрасен, долготраен мирис на косата.
Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса засушена со пешкир. Се остава да делува 5 до 10 минути. Се измива.