Паста идеална за сите типови на коса, озвожува еластична и моќна контрола на стилот со сјаен ефект.
Контрола: Средна контрола. Ниво 2.
Намена: Паста која е иделна за сите типови на коса, овозможува еластична, но моќна контрола на стилот и сјаен ефект, како и лесно преобликување на фризурата. Идеална за креативни фризури со природно сјаен завршен изглед, кои може често да се преобликуваат. Не ја натежнува косата и лесно се измива.
Начин на употреба: Се нанесува мала количина на дланките, се протрива меѓу дланките со што се креира влакнеста мрежа. Се нанесува на сува коса. Се стилизира по желба.
Стручен совет: За поголема контрола и цврстина нанесете на мокра коса. За помек и природен изглед нанесете на сува коса. После нанесување на продуктот исчешлајте ја косата, за порамномерна распределба.